Friday 11 May 2018

Dirty Computer - Janelle Monáe (2018)

Концептуалниот албум прави камбек! По Lemonade на Beyoncé (мојот #2 за 2016), Janelle Monáe прави нешто уште похрабро и поневообичаено со Dirty Computer. Заедничкото за двата албума (и нивните придружни филмови) е што ја слават женственоста и афроамериканското наследство, и тоа на далеку попрогресивен и пооригинален начин од нивните холивудски сестри и браќа. Тука секако мислам на Wonder Woman, Black Panther и сличните маратонски empowerment франшизи.


Со Tessa Thompson од Annihilation
Dirty Computer веќе неколку месеци ми ја скокотка фантазијата со загадочната промо реклама и провокативните видео спотови. Првите неколку синглови од албумот навестија прогресивни теми и пансексуална естетика, но Janelle Monáe успешно ја криеше научнофантастичната нишка што ги поврзува сите песни од албумот. Сега кога целината го виде светлото на денот, можам да кажам дека таа е дури и помоќна од составните делови.

Ова е пред сè затоа што филмот (или она што Monáe го нарекува emotion picture) ги поврзува стилски шарените песни од албумот во една јасна порака, а тоа е дека за разлика од компјутерите, луѓето имаат валкани мозоци. Секој обид да им ги исчистите ќе резултира со елиминација на нивната хуманост. Фразата 'прљав компјутер' е во исто време и оксиморон и влажен сон на секоја автократска власт. За среќа секогаш ќе има луѓе како Janelle, кои со сите сили ќе се борат за нашето право да мислиме нечисти мисли. Let the vagina have a monologue!

P.S. Слушнете:

Make me feel (најдобриот омаж на Prince по неговата смрт)
Django Jane (инспирирана од Dora Milaje од Black Panther). 
Pynk (соработка со Grimes и омилена песна на ќерка ми)
Americans (Janelle се плаши од Американци)

Aко ова не ви е доста, тогаш еве ви го и целиот филм:





No comments :

Post a Comment