Wednesday, 21 March 2018

Денот кога го видов Stephen Hawking

Пред речиси точно 20 години бев на предавање на Stephen Hawking. Кога минатата недела слушнав дека човекот нè напуштил, првиот инстинкт ми беше да се потсетам на предавањето, копајќи по старите меиловите архивирани на Pine и испратени преку Информа. Подолу се фрагменти од еден поранешен јас, деветнаесетгодишен, импресиониран, и фрустриран од неспособноста да го доловам искуството со зборови. 


From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Thu Apr 16 14:38:17 1998
To: Mirjana Paunovska <mirjana.paunovska@informa.mk>
Subject: hawking

Здраво!

Јас само да ти кажам што дознав денес. Stephen Hawking ќе има предавање во Станфорд наредниот четврток. Право да ти кажам ептен сум возбуден, денес имав шанса да го чујам на видео лента на некој прием кај Клинтон. Типов комуницира преку еден гласовен синтисајзер и стварно заслужува да му се восхитуваш.

Гледам таму у Скопјево пробуваат да ја имитираат Америка со претседателските скандали. Значи ми се бљува.

Никола

From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Wed, 22 Apr 1998 17:15:28 -0700 (PDT)
To: Mirjana Paunovska <mirjana.paunovska@informa.mk>
Subject: tenzijata raste

Еј, абе ова предавањево на Hawking ќе биде на инфлаторна теорија и ќе биде на ниво за оние кои више имаат дипломирано физика. Него што има везе, кога можев да идам на џез фестивал без да знам кој свири, овде бар знам кој збори. Башка нашиот професор физика вика дека иако предавањето не е отворено за секого, ние сме дел од заедницата на физичари од Станфорд па треба да идеме.

Ај ќе пишам утре,

Никола

From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Thu, 23 Apr 1998 21:57:41 -0700 (PDT)
To: Mirjana Paunovska <mirjana.paunovska@informa.mk>
Subject: Hawking

Здраво!

Извини што нема повеќе да ти пишам ама ја сум буквално ГРОГИ. Само да ти кажам дека предавањето како што очекував беше претерано тешко, но немаш појма колку ме натера на размислување. Едноставно, мислам дека да го видиш Hawking како држи предавање не може да те остави рамнодушен. Впечатокот беше ептен силен а ќе пробам да ти го опишам во едно подолго писмо

Никола

P.S. Имам двајца идни бруцоши на посета па спијат кај мене у соба. Мани друго, треба да ги шетам, а ја би спиел, и би спиел и би спиел… Маме ми се заеба неделава од работа, ама ја преживеав.

From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Fri, 24 Apr 1998 14:39:48 -0700 (PDT)
To: Mirjana Paunovska <mirjana.paunovska@informa.mk>
Subject: od sve po malce

Здраво!

[...]

Сега да ти кажам за Hawking. Он предаваше на тема квантна космологија и тоа за инфлаторна теорија. Имено, говореше за некои откритија од пред три недели. Ќе гледам да ти ги објаснам првите две минути од неговото предавање што успеав да ги разберам. Во Станфорд работи Andrei Linde, еден од двајцата што ја создал инфлаторната теорија. Андреј Линде е прекрасен човек, Русин, искрено најсимпатичен професор што сум го запознал во Станфорд. Линде има предложено една верзија на инфлаторната теорија која за објаснување користи некојси tunneling method (или така нешто). Hawking говореше дека веројатно tunneling верзијата не е точна и понуди негова алтернатива. На Линде реакциите беа толку симпатични и со еден ненавредлив хумор што сум се утепал од смеење.

Е сега за предавањето. Беше крцато, јас стигнав пола саат пред да почне и веќе беше полупуно. Луѓе седеа на скали. Од тие луѓе, убеден сум дека 90% немаа појма за што збори Hawking, меѓу кои и јас, меѓутоа за мене тоа уопште не го намали впечатокот од предавањето. Силниот впечаток дојде од таму што пред себе имав една школка од човек, да го видиш на улица ќе те лазат морници и ќе го сожалуваш, а вчера тој ‘инвалид’ покажа колку у ствари е олицетворение на најголемите човечки квалитети и доблести (сила, упорност, интелект). 

Немаш појма колку ме наведе на размислување, немам време да ти објаснувам што мисли ми се извртеа низ глава, од тоа колку е невкусно што сите таму бевме собрани ко да идеме на циркуско шоу каде прикажуваат жени со брада и други шали на природа. Од друга страна, мислам дека дури и ако немаш везе со наука, да го видиш овој човек не може а да не те облагороди. Искрено, у овој момент да ме прашаш кој човек на денешницата најмногу го ценам сигурно би ти кажал Hawking. Него ова е нешто за што е тешко да се пишува у емаил, само сакам да ти кажам колку емотивно го доживеав предавањето вчера. 

Иначе он е апсолутно неподвижен, ги мрда прстите по не повеќе од еден сантиметар и тоа на о-рук во грчеви и во раката држи нешто како маус со кое бира букви. За одговор на едно прашање од минута време му требаа негде 15 минути за да го подготви одговорот. Најважно, тој човек има таков дух, смисол за хумор, целата таа конверзација на Линдe и Hawking во која Линде збори а Hawking се смешка не можам да ја заборавам. Се гледаше дека ни Hawking ни Линде не се осеќаат непријатно затоа што Hawking e хендикепиран.

Баш затоа тој хуман аспект на предавањето нема да можам да го заборавам, крајната непотребност да создаваме предрасуди од надворешноста на човек. И пошто ова моево се претвори во патетика а никако не сакам да го преточам во глупави фрази, тука ќе престанам да ти опишувам. Стварно сакам да напишам нешто што ќе звучи поубаво и поблагородно за предавањето (можда во дневникот кој малку го имам подзаборавено).

X X X

Подолу се и неколку други меилови пратени до пријатели и фамилија во истиот период. Секој имеил го кажува истото на друг начин, прилагоден за примателот. Колку сè беше поинтимно пред Фејсбук.

From nikola@leland.Stanford.EDU Fri Apr 17 14:42:16 1998
To: ognen <oggie@purplenet.net>
Subject: Re: your mail

Zdravo Ognen!

[...]

Najinteresnata rabota za mene vo momentov e sto vo cetvrtok doaga Stephen Hawking da odrzi predavanje vo stanford.  Na strana od toa, odam na po nekoja svirka, pretstava i najgolem del od vremeto ucam. 

From nikola@leland.Stanford.EDU Thu Apr 16 14:40:15 1998
To: Martin Mihajlov <martin@rea.etf.ukim.edu.mk>
Subject: Hawking

Zdravo!

Stephen Hawking doaga vo Stanford naredniot cetvrtok.  Epten sum nestrpliv.

Stile


From nikola@leland.Stanford.EDU Sat Apr 18 16:09:26 1998
To: Mitko Mitrov <petarm@morm.gov.mk>
Subject: Re: Zdravo Amerikance

Zdravo Mite!

[...]

Najinteresnata rabota za mene e sto vo cetvrtok vo Stanford doaga Stephen Hawking (ne znam dali si slusnal za nego megutoa on vazi za najdobar fizicar na naseto vreme), pa ke idam na predavanje vo cetvrtok.  

[...]

Ej, samo uste ova, ne znam dali sum ti kazal deka Makedonija ke igra so US fudbal vo San Hoze, a toa mi e epten blisku pa so Majk cimerot ke ideme da ja gledame utakmicata.

Pozdrav

Stile

From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Mon, 20 Apr 1998 21:09:53 -0700 (PDT)
To: nikola@lotus.mpt.com.mk (на оваа адреса им пишував на моите)
Subject: kinder jajca

Zdravo!

Jas samo sto se vrakam od testot matematika koj mislam deka pomina dobro. Nedelava uspeav da ja stavam pod kontrola pred se blagodarenie na toa sto vcera zavrsiv mnogu rabota vo vrska so eden proekt po astronomija.  Imam uste dosta raboti ostanato, ama nema da bide golema guzva.  Vecerva ke idam da nabljuduvam zvezdi (znam deka od ova ke vi se krene kosa na glava, ama nepotrebno) vo tri ipol sabajle.  Ne be ne sum se seknal, nego morame za eden eksperiment da gi slikame mesecinite na Jupiter i Saturn a tie se vidlivi samo u tri saat sabajle vo ova vreme na godinata.  Nego ko za belja na asistentot mu tekna da go zakaze nabljuduvanjeto bas ovaa nedela, ama ne e strasno.  Ke gledam da zaspijam posovreme denes i vie ic da ne me mislite, se kljukam so vitamini.  Ovaa nedela ke imame gostin vo sobata, ovde e admit vikend pa site koi gi primil Stanford imaat pravo ovoj vikend da dojdat da posetat a onie od povisokite klasovi treba da im ponudat prestoj.  Isto taka vo cetvrtok vo Stanford doaga Stephen Hawking pa epten sum vozbuden, toj vazi za najdobar fizicar na denesnicata a inace e kompletno paraliziran i zbori preku kompjuter.  Kako sto gledate pred mene
e edna mnogu sodrzajna nedela, mora da priznaete odamna ne sum ve izvestil za volku novosti.

Epa tolku od mene, daj popametno da go iskoristam vremeto.

P.S.  Abe na tie kinder jajcata im se eba mameto pri selenje, a?  Ej, se salam, ke gi prebolam nekako kinder-jajcata, ama znaete kako e, u sekoja sala pola vistina.  Uste me boli dusa kako majka mi bezmilosno mi gi dzitna site stripcinja pri poslednata selidba.  Neli vi e milo sto bar vo ovoj pogled sum uste ko malo dete?

From nikola@leland.Stanford.EDU 
Date: Mon, 20 Apr 1998 21:19:13 -0700 (PDT)
From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
To: Ordan Cukaliev <ocukaliev@vesta.zsv.ukim.edu.mk>
Subject: Hawking

[...]

Nego ova ke te interesira ako znaes koj e Stephen hawking.  Tipot doaga vo Stanford da drzi predavanje vo cetvrtok.  Epten me interesira da go vidam i da go cujam.

TOlku od mene, cao!

From: Nikola Aleksandar Stikov <nikola@leland.Stanford.EDU>
Date: Fri, 24 Apr 1998 02:24:31 -0700 (PDT)
To: nikola@lotus.mpt.com.mk

Zdravo!

[...]

Od drugi raboti bev na predavanje na Stephen Hawking koe iako ne go razbrav mi ostavi nenormalno silen vpecatok.  Imeno, ne bese naucniot aspekt tuku coveckiot aspekt sto me fascinirase.  Hawking e kompletno paraliziran i zbori preku kompjuter a vazi za najdobar fizicar na nase vreme.  Nemate pojma kolku me fascinira negovata upornost i sila.

Za kraj imam iden brucos vo mojata soba i samo sto go crknav od setanje, papsan e.  A mi se pravi nekoj atleticar, americki snoipcinja na vidat oni sto e balkanac.  Se salam, dobro se slagame, ama deka e snopce, e

Ajde cekam da pisete

Nikola


No comments :

Post a Comment