Climax - Gaspar Noé (2019)
Gaspar Noé сака да претерува. Неговите филмови често имаат премногу секс, премногу насилство, и премногу минути. Најголемиот комплимент што можам да му го доделам на Climax е дека нема претерано со ниеден од горенаведените 'гревови'. Филмот е краток, извонредно кореографиран и речиси комплетно импровизиран. На моменти сценариото асоцира на Salò на Pasolini, но политичките пораки се далеку понебитни, а бруталноста и садизмот се речиси разбирливи. Пазете се, ставаат LSD во пијачките!
Mandy - Panos Cosmatos (2018)
Mandy започнува како омаж на Straw Dogs од Peckinpah, провозува низ Mad Max територија, се судира со халуциногени визии инспирирани од Argento и Raimi и експлодира со имагинација и енергија во уникатниот Panos Cosmatos универзум. Лесно запаливиот микс на психоделија и кошмар е често истражувана територија, како што покажа и овогодишниот Climax на Gaspar Noé. Но споредбите престануваат тука. Climax е импровизиран, хиперреалистичен и морничав. Mandy е микроменаџиран, фантазмагоричен и лудо забавен. (Целосен осврт тука.)
Mute ги има сите елементи кои ветуваат добар филм. Се случува во ретро-футуристички Берлин кој припаѓа во истиот универзум како и извонредниот Moon. Има музика од Clint Mansell. Alexander Skarsgård и Paul Rudd се неочекувано кастирани како нем Амиш и импулсивен хирург со PTSD. За жал конечниот резултат е досаден и конфузен. Режисерот Duncan Jones го посветува филмот на татко му David Bowie и дадилката Marion Skene. Оние што знаат за Angie Bowie можат да ја стават приказната во автобиографски контекст, но тоа е мала утеха за изгубените два часа.
Us - Jordan Peele (2019)
Секој што видел барем една епизода од генијалното Key & Peele шоу знае дека Jordan Peele e мајстор за атмосфера и дека во двеминутен комичен скеч знае да набие повеќе тензија од повеќето хорор режисери. Ова одлично функционираше во Get Out, затоа што атмосферата беше надополнета со оригинално сценарио кое заслужено освои Оскар. Во Us атмосферата е подеднакво вознемирувачка, но оригиналноста е заменета со virtue signalling и имитирање подобри филмови. (Целосен осврт тука)
Border - Ali Abbasi (2018)
Секој што видел барем една епизода од генијалното Key & Peele шоу знае дека Jordan Peele e мајстор за атмосфера и дека во двеминутен комичен скеч знае да набие повеќе тензија од повеќето хорор режисери. Ова одлично функционираше во Get Out, затоа што атмосферата беше надополнета со оригинално сценарио кое заслужено освои Оскар. Во Us атмосферата е подеднакво вознемирувачка, но оригиналноста е заменета со virtue signalling и имитирање подобри филмови. (Целосен осврт тука)
Border - Ali Abbasi (2018)
Border е бескомпромисен филм за ликови какви што не сум видел на филмско платно. Има хорор и има хумор. Има незаборавни сцени во кои се обединети нежност и бестијалност, мелодрама и хардкор секс. Филмот едноставно има душа. Секогаш кога станува збор за табу теми, лесно е да се задржи вниманието на гледачот. Тешкото е да се хуманизира нешто што можеби од самиот почеток не било човечко. (Целосен осврт тука).
Roma - Alfonso Cuarón (2018)
Roma си тече бавно и за секој лик си има по неколку изненадувања. Приказната има автобиографска автентичност. Cuaron ја поставува камерата на вистинските места. Звуците и музиката одлично го доловуваат Мексико. Актерите се совршено кастирани. А сепак, паметот постојано ми пливаше на друга страна. Би сакал да му дадам на Roma втора шанса во кино. Не за друго, туку за да знам дали е до Нетфликс или е до мене. (Целосен осврт тука)
Ballad of Buster Scruggs - Joel & Ethan Coen (2018)
Netflix е совршен медиум за промоција на нови таленти и се надевам дека платформата нема наскоро да биде преплавена од оскаровци кои сфатиле дека нема леб во кино. Првата епизода од најновиот филм на браќата Coen е извонредна. Втората не е лоша, ама секоја наредна (а ги има шест) е подосадна и понеспособна да изнуди реакција. Браќата по трет пат му се враќаат на дивиот запад, ама мене ме изгубија уште кај True Grit. Се надевам дека наскоро ќе ја надраснат вестерн фазава.
Green Book - Peter Farrelly (2018)
Кој би рекол дека во 2018, годината на секакви empowerment филмови, најдобриот ќе дојде од режисерот на There's Something About Mary. Убаво е кога пораката доаѓа со здрава доза на хумор, а уште поубаво кога двајцата главни ликови (Viggo Mortensen и Mahershala Ali) имаат хемија на претек. Најубавото е што ова е вистинска приказна што ме натера да се соочам со сопствените предрасуди. Зошто очекував музиката на Don Shirley да звучи поинаку?
Irishman - Martin Scrosese (2019)
Marriage Story - Noah Baumbach (2019)
El Camino
Кој би рекол дека во 2018, годината на секакви empowerment филмови, најдобриот ќе дојде од режисерот на There's Something About Mary. Убаво е кога пораката доаѓа со здрава доза на хумор, а уште поубаво кога двајцата главни ликови (Viggo Mortensen и Mahershala Ali) имаат хемија на претек. Најубавото е што ова е вистинска приказна што ме натера да се соочам со сопствените предрасуди. Зошто очекував музиката на Don Shirley да звучи поинаку?
Disappearance of Eleonor Rigby - Ned Benson (2014)
Fyre - Chris Smith (2019)
Old Man and the Gun - David Lowery (2018)
Searching - Aneesh Chaganty (2018)
Anon - Andrew Nicoll (2018)
Green Room - Jeremy Saulnier (2016)
Capernaum - Nadine Labaki (2018)
Glass - M. Night Shyamalan (2019)
Ruben Brandt, Collector - Milorad Krstić (2018)
Pet Sematary - Kevin Kölsch и Dennis Widmyer (2019)
La grande noirceur - Maxime Giroux (2018)
John Wick 3 - Chad Stahelsky (2019)
Triple Frontier - J.C. Chandor (2019)
Toy Story 4 - Josh Cooley (2019)
Lion King - Jon Favreau (2019)
Once upon a time in Hollywood - Quentin Tarantino (2019)
Velvet Buzzsaw - Dan Gilroy (2019)
Spider-man: Into the Spider-Verse - Bob Persichetti, Peter Ramsey and Rodney Rothman (2018)
What we do in the shadows - Jemaine Clement and Taika Waititi (2015)
Plus One - Jeff Chan and Andrew Rhymer (2019)
Vox Lux - Brady Corbet (2018)
Gloria Bell - Sebastián Lelio (2019)
Alita Battle Angel - Robert Rodriguez (2019)
Booksmart - Olivia Wilde (2019)
Wife - Björn L. Runge (2018)
Hustlers - Lorene Scafaria (2019)
Missing link - Chris Butler (2019)
Pity - Babis Makridis (2018)
Tatko - Кристина Грозева, Петар Валчанов (2019)
Yesterday - Danny Boyle (2019)
Rocketman - Dexter Fletcher (2019)
Game Night - John Francis Daley (2018)
Long Shot - Jonathan Levine (2019)
Miss Sharon Jones - Barbara Kopple (2016)
Joker - Todd Phillips (2019)
Dr. Sleep - Mike Flanagan (2019)
Lighthouse - Robert Eggers (2019)
Irishman - Martin Scrosese (2019)
Parasite - Bong Joon-ho (2019)
Homecoming - Beyoncé Knowles-Carter (2019)
Ad Astra - James Gray (2019)
Overlord - Julius Avery (2018)
Midsommar - Ari Aster (2019)
Marriage Story - Noah Baumbach (2019)
Bombshell - Jay Roach (2019)
Knives out - Rian Johnson (2019)
1917 - Sam Mendes (2019)
Fosse/Verdon -
63 Up - Michael Apted (2019)
Jojo Rabbit - Taika Waititi (2019)
El Camino
No comments :
Post a Comment