Луин Дејвис (Oscar Isaac) e претставен како човек од крв и месо и идеали и фрустрации и по малку ранлива душа која се наѕира само додека тој пее и свири на својата гитара. Остатокот од времето пред себе имаме саможивен мизантроп кој го троши и своето и времето на сите околу него. Луин му набива рогови на пријателот Jim (Justin Timberlake), ја затруднува Jean (Carey Mulligan), напушта овердозиран џез музичар (John Goodman), но некаде помеѓу сите овие активности успева да најде време да запее и да ни ги стопли срцата.
Инспирацијата за филмот се мемоарите на Dave Van Ronk, музичар кој бил дел од Greenwich Village сцената во доцните 50-ти и раните 60-ти, сцена од која се изродил Боб Дилан и десетици други фолк музичари. Филмот завршува со изведба на Боб Дилан, уште еден прекрасен музичар а терсене човек. Нема тука скриена порака, освен сознание дека за некои луѓе ѕвездите се подредуваат, а за некои не. И немојте да мислите дека на крајот од филмот ќе дознаете како се наредиле ѕвездите за Луин.
No comments :
Post a Comment