Friday 11 May 2018

Dirty Computer - Janelle Monáe (2018)

Концептуалниот албум прави камбек! По Lemonade на Beyoncé (мојот #2 за 2016), Janelle Monáe прави нешто уште похрабро и поневообичаено со Dirty Computer. Заедничкото за двата албума (и нивните придружни филмови) е што ја слават женственоста и афроамериканското наследство, и тоа на далеку попрогресивен и пооригинален начин од нивните холивудски сестри и браќа. Тука секако мислам на Wonder Woman, Black Panther и сличните маратонски empowerment франшизи.

Sunday 6 May 2018

Од #СмрттаНаХуморот до златната палма и назад

Од Трајко Џиков до Митко Панов
Секој ден, пред да седнам да работам, бесцелно сурфам на интернет. За време на студиите ова го сметав за најголемиот проблем во мојата работна етика. Ќе заглавев со сурфањето до три саат наутро, цимерот одамна заспан, а јас симнувам емпетројка од бавниот австралиски сервер што на времето ја имаше најдобрата ex-YU музичка колекција. Знаеше ова да ми создава и проблеми во врската, зашто ќе ѝ кажев на жена ми дека ми требаат уште пет минути да завршам еден труд, без да земам предвид дека ќе ми треба барем пола саат сурфање за на трудот да му дојдат неговите пет минути.