Саат и пол група научници зборуваат за машинско учење, вештачка интелигенција, визуализација на податоци, невронски мрежи... Ако сте упатени, ќе ви биде интересно и ќе сакате да го впиете секој збор. Ако се занимавате со нешто што нема допирни точки со темиве, како на пример со некоја уметност, може да се изгубите во преводот. Но, исто така, кога ќе слушнете дека постојат алатки кои можат да пишуваат поезија, да раскажуваат приказни па дури и да пародираат стилови речиси до совршенство, темата ќе ве освои и може да се инспирирате да направите (или да напишете) нешто што немало шанси да ви падне на памет без тој муабет.Tuesday, 25 August 2020
НА КАНТАР СО ДАНИЕЛ СМИЛКОВ: Една слика – илјада кодови
Саат и пол група научници зборуваат за машинско учење, вештачка интелигенција, визуализација на податоци, невронски мрежи... Ако сте упатени, ќе ви биде интересно и ќе сакате да го впиете секој збор. Ако се занимавате со нешто што нема допирни точки со темиве, како на пример со некоја уметност, може да се изгубите во преводот. Но, исто така, кога ќе слушнете дека постојат алатки кои можат да пишуваат поезија, да раскажуваат приказни па дури и да пародираат стилови речиси до совршенство, темата ќе ве освои и може да се инспирирате да направите (или да напишете) нешто што немало шанси да ви падне на памет без тој муабет.Tuesday, 11 August 2020
НА КАНТАР СО ИЛИЈА ДУКОВСКИ: Неверојатна е одбивноста кон веројатноста
Илија Дуковски е сестран човек. Доктор на науки по физика (computational physics), денес работи во полето на квантитативната биологија на Универзитетот во Бостон. Во слободно време набљудува и фотографира птици, придонесува за популаризација на науката во нашата средина пишувајќи статии на македонски јазик на „Наука за сите“, ја крева свеста на јавноста за сериозноста на КОВИД-19 споделувајќи го личното искуство на заболување и лечење и... објаснува како се телепортираат мачки. Телепортација на мачка (објаснета од Илија Дуковски)
Сите знаеме што е телепортација од научно-фантастичните филмови, но ретка е можноста научник од полето да се обиде да ви го објасни тоа со „прости зборови“. Подолу е објаснувањето на Илија Дуковски, споделено за време на една неодамнешна научна дискусија:Tuesday, 4 August 2020
НА КАНТАР СО МЕНHАН СЕЛИМИ: Безжичните меш мрежи го менуваат изгледот на светот
Замислете дека процесот на гласање на државно ниво е префрлен на интернет. И замислете дека се организира референдум во одреден дел од државата, а на државата ставот на мнозинството не ѝ одговара, па решава да ја искористи својата моќ и го оневозможува пристапот на луѓето од тој регион до веб-страницата за гласање. Не е ова сценарио излезено од „Black mirror“ – ова навистина се има случено.
Меннан Селими е доктор по компјутерски науки, кој по 10-годишната научнo-истражувачка одисеја низ Европа, пред една година се враќа во Македонија, каде што на Универзитетот на Југоисточна Европа основа своја истражувачка група. Меннан имал научни престои во Италија, Шпанија, Германија и Британија. Посебна насока на неговиот кариерен развој му дал престојот во Каталонија, каде што истражувањето му било фокусирано на она што го имале направено Каталонците, а што им послужило како своевиден отпор кон шпанската влада и како средство за во 2017 година да го реализираат референдумот за независност и покрај тоа што им се случило сценариото од погоре. А тоа се бесплатните безжични меш мрежи за интернет.
На последната онлајн-дискусија Меннан ни зборуваше токму за тоа. Во продолжение е неговата приказна.
Tuesday, 28 July 2020
НА КАНТАР СО МАРИНА МАТЕСКА И КИКО МАРКОВСКИ: „Лице в лице“ со КОВИД-кризата
Tuesday, 21 July 2020
НА КАНТАР СО САМИ МЕХМЕТИ: Предаторското издаваштво наголемо граба
Да се биде универзитетски професор кај нас е престиж. Конкуренцијата за овие научно-образовни позиции од година во година станува сè поголема, особено со порастот на бројот на луѓето што дипломираат, магистрираат, докторираат... А квалитетот и квантитетот не се баш пријателчиња што одат рака под рака, па мерењето на научната компетенција на универзитетските професори како основа за нивно напредување, во најголема мера се сведува на објавување на нивните трудови во реномирани научни списанија и конференции.
Ако професорите почнат да ви зборуваат за студентите, ќе ви кажат дека ги има секакви: и такви кои учат за да научат но понекогаш знаат да потфрлат, и такви кои учат колку за да положат, па кои препишуваат, па кои фаќаат врски... Интересното е што кога станува збор за борбата на професорите за собирање бодови од објавувањето на своите научни трудови за напредување во универзитетската кариера – сликата не е многу поразлична.
Сами Мехмети, доцент на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, (познат како Штулов универзитет) пред повеќе од две години почнал да се занимава со оваа проблематика за една конференција и тоа ја предодредило неговата денешна „детективска“ улога на откривач на валидноста на научните трудови на неговите колеги на универзитетот. Сами беше гостин на последната онлајн-дискусија, па ви ги пренесуваме во прво лице неговите размислувања за улогата на предаторското издаваштво во македонската наука.
Tuesday, 7 July 2020
НАУКА ЗА ДЕЦА НА КАНТАР: „Се учи теле, а не вол!“
На колкумина од нас им се крева коса на глава кога ќе се спомне македонското образование? Колку многу родители, наставници и деца се фрустрираат од системот и не успеваат да најдат решение за проблемите на кои наидуваат? И додека јавните дебати во врска со образованието главно се фокусирани на вперување прсти и барање виновници, постојат луѓе што пливаат спротиводно. За полесна пловидба изградиле и брод – помагало во наставната програма каде што ги покануваат да се качат и наставниците, и децата, и родителите.Сепак, главни креатори на содржините на НЗД се трите сестри Бојана, Менка и Марија Стојанови. Бојана е доктор на науки по биологија, Менка по физика, а Марија по компјутерски науки и иако веројатно во животот не ни помислувале дека некогаш ќе работат заедно, со оглед на нивните различни полиња на интерес и оддалечени места на живеење (Острава, Лондон и Лион), оваа иницијатива го направила токму тоа. Со нивната вродена кавадаречка ведрина и детска шегобијност, на последната дискусија во средата тие го објаснија концептот на НЗД и повикаа на вклучување во оваа алтруистичка иницијатива.


