Ако треба да се направи топ листа на најголемите стравови од детството, стравот дека си бил заменет со друго бебе при раѓањето сигурно би се нашол при врвот. Најновиот филм на Hirokazu Koreeda е благородна и длабоко хумана медитација на оваа тема. Исходот е далеку од предвидлив, а начините на кои шесторицата протагонисти (четворицата родители и двете деца) се справуваат со ситуацијата нудат прекрасен увид во човечката психа и испишуваат вистинска енциклопедија на човечки емоции. За чудо, или пак за среќа, децата многу подобро се прилагодуваат на новонастанатата ситуација од нивните родители.