
Поголемиот дел од филмот е раскажан низ очите на амбициозниот супер-татко Риота (Masaharu Fukuyama) кој е потајно разочаран што синот Кеита ги нема неговите алфа-мажјак карактеристики. Кога докторите од болницата го известуваат дека Кеита сепак не е негова крв, кај Риота се судираат чело во чело желбата за генетски супериорни потомци и неискажаната љубов кон подметнатото 'пајче' Кеита. Во сударот има многу невини жртви, а на гледачот му останува само да ја гледа хаваријата со подзината уста, постојано премислувајќи се што би направил самиот во ваква ситуација.
Режисерот Koreeda знае дека оваа драма треба да се глуми со очи, а не со зборови. Дел од моќта на филмот доаѓа од нашата незапознаеност со јапонската култура. Малку од нас можат да замислат како Јапонци би реагирале на нешто за што и самите немаме подготвен одговор. Убеден сум дека во холивудски раце филмот би бил преполн со конфронтации и викотници, но дали е тоа затоа што Холивуд сака експлицитност или затоа што луѓе од западната култура би реагирале многу побурно соочени со ваков предзвик? Like Father Like Son е редок филм што е истовремено и егзотичен, и универзален, и брутален, и со длабока верба во човечката хуманост. Многумина од гледачите ќе заплачат на крајот од филмот. За повеќето тоа ќе бидат солзи радосници.
No comments :
Post a Comment