Блузот е музичка форма која еволуира споро но сигурно. Човек мора да слушне милион верзии на Hoochie Coochie Man за конечно да налета на нешто свежо и оригинално. David Lynch покажува особен интерес и успех во доловувањето на еден нов блуз звук, истовремено и носталгичен и футуристички. Музата на Lynch живее во мрачна пештера полна со ехо, дисторзирани гласови и халуциногени испарувања, веројатно истото она место од кое потекнува
девојката од радијаторот во неговиот прв филм, Eraserhead. За некого, 50 минути во нејзино друштво се 49 минути подолго од потребното. За други пак, ова е албумот кој ќе го однесе блузот во иднината, продолжувајќи по патот утабан од Little Axe и неговите следбеници. Немам ништо против музичкото преживарење на Hugh Laurie и Garry Clark Jr., но се радувам што иднината на блузот не е во нивни раце.
No comments :
Post a Comment