Во главата на многу луѓе живее еден мал зелен мозокојадец. Причината заради која модерната наука го крие неговото постоење е затоа што мозокојадецот е имплантиран од самите научници при раѓање. Тие експериментираат со дел од човечката популација за да ги идентификуваат оние луѓе кај кои мозокојадецот не може да вирее. Од таа група се регрутираат новите генерации научници.
Friday, 29 January 2016
Tuesday, 12 January 2016
Две недели култура во Скопје
Во Скопје доаѓам прегладнет. Не само за кифли од фурна, туку и за добар муабет и за доза култура. Заборавам на секојдневните обврски, долгите меилови, бавните состаноци и брзата храна на Северна Америка. Го баталувам инбоксот и скитам низ скопската магла во потрага по храна. Уживам во тие скитања, додека се полни и стомакот и душата.
Labels:
NestoLicno
,
НештоЛично
Monday, 11 January 2016
Збогум Spaceboy
Викендот го минав со ★, новиот албум на David Bowie, на repeat. Го слушнав минимум дваесет пати, уживајќи во музиката и борејќи се со текстовите. Имав чувство дека станува збор за концептуален албум, но немав идеја што е концептот. Го споредив со Earthling и Outside по својата радикалност, со Station to Station по својата музикалност. Се обидов дури и да напишам осврт за албумот, но ми фалеа зборови.
Labels:
NestoLicno
,
PopKultura
,
НештоЛично
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)