
Уште малку подоцна во барот ќе влезе будистички свештеник, кој ќе носи со себе албум од неговата свадба, во придружба на фотографот кој е автор на албумот. Свештеникот ќе реши да отпее една молитва и после свечено да го отвори албумот, откако претходно ќе стави бели ракавици за да не остави прсти на него. На разговорот ќе се надоврзат продуцентот на манга филмови и неговата преубава девојка која му служи како инспирација за character design. Тука ќе бидат и двајцата дваесетгодишници кои цела ноќ ќе негираат дека се пар, и чичкото кој цело време ќе кажува дека работи во драгстор, со акцент на зборот 'drug'. Шареното друштво ќе биде насобрано околу лустер со садомазо медицинска сестра ставена во формалин.
Е сега доаѓа најчудното: сето ова изгледа сосема нормално. Ниеден од тие луѓе не е полуд од тебе, кој си решил да се качиш во бар со скелети и медицински постери за да пиеш коктели со вештачки гомна со вкус на кајсија. Сите знаат дека ова е заебанција, и сите се многу природни и расположени. Во еден момент помислуваш дека можеби си пред скриена камера и дека сите одеднаш ќе скокнат и ќе ти кажат дека си punk'd. Ама не, пијачката се допива и време е за свежи фаци. Ноќта е млада, а Golden Gai има да понуди уште многу чудесии.
Ајт на здравје!
No comments :
Post a Comment