Monday, 27 February 2017

Manchester by the Sea - Kenneth Lonergan (2016)

Каде ли сум ја слушнал музикава? А да, тоа беше она тажно адаџо од филмот за Doors, кое редовно се користи на филм кога треба да се телеграфираат емоции. Но зошто ли музиката почнува да свири баш кога Lee (Casey Affleck) оди во продавница да купи цигари? Има некаков несклад помеѓу симболиката на музиката и прозаичноста на полноќната прошетка низ предградието. Чекор по чекор, нота по нота, нескладот преминува во немир, па во шок, па во хорор. Адаџото бавно се движи кон својот крај, носејќи му бескраен очај на добар човек кој направил огромна грешка.

Monday, 20 February 2017

Филмски топ 16 за 2016


2016 беше добра година за филм. Толку добра, што неколку одлични филмови (Nocturnal animals, Eye in the sky, Don't breathe, The accountant, Everybody wants some), не успеаја да се најдат на оваа листа. Толку добра, што не ни можев да ја почнам листата пред февруари, оти сè уште фаќав чекор со пропуштените наслови. Ми останаа недогледани уште многу (Wailing, Captain Fantastic, Salesman), но време е да почнам да одбројувам. Вообичаените дисклејмери сè уште важат: (i) ова е крајно субјективна листа (ii) го задржувам правото да ја ажурирам во секој момент (iii) да, го гледав La la land, но него нема да го најдете ни на листата на топ филмови, ниту на листата на разочарувања. Едноставно, филмот не ми измами толку силни чувства.