2016 беше добра година за филм. Толку добра, што неколку одлични филмови (Nocturnal animals, Eye in the sky, Don't breathe, The accountant, Everybody wants some), не успеаја да се најдат на оваа листа. Толку добра, што не ни можев да ја почнам листата пред февруари, оти сè уште фаќав чекор со пропуштените наслови. Ми останаа недогледани уште многу (Wailing, Captain Fantastic, Salesman), но време е да почнам да одбројувам. Вообичаените дисклејмери сè уште важат: (i) ова е крајно субјективна листа (ii) го задржувам правото да ја ажурирам во секој момент (iii) да, го гледав La la land, но него нема да го најдете ни на листата на топ филмови, ниту на листата на разочарувања. Едноставно, филмот не ми измами толку силни чувства.
1. Manchester by the Sea
Manchester by the Sea на Kenneth Lonergan ги заслужува сите награди што (ќе) ги освои, но најмногу оние за Casey Affleck. Она што започна како приказна за антисоцијален чичко и внук пубертетлија кои се принудени да живеат заедно, до крајот додаде уште многу слоеви; за родители кои очајно бараат утеха; за мајка и син кои копнеат по фамилија; за еден куп добри луѓе кои се обидуваат да дишат заробени под палимпсест од болка. Откако изронив од киното, дел од мене се восхитуваше на издржливоста на човечкиот дух, додека другиот дел се ежеше од помислата дека Manchester by the Sea е повистински и повозможен од сите други филмови што сум ги видел годинава. Ова е филм за кој треба храброст. Храброст да се напише, да се одглуми, и секако, да се изгледа. Целосен осврт тука.
2. Hell or High Water
Интересно е што двата најамерикански филмови годинава (Hell or High Water и American Honey) дојдоа од Британци. Ако не ви е јасно како пропаста на средна Америка го услови подемот на Трамп, погледнете го ремек-делово на David Mackenzie и слушнете го прекрасниот саундтрак на Nick Cave и Warren Ellis. Низ очите на Marcus (Jeff Bridges) и низ неговите политички некоректни коментари ја согледуваме хипокризијата на еден систем кој со векови толерира неправда и кражба. Пред 150 години жртвите биле Команчите, а денес тоа се правнуците на оние кои ја спроведувале кражбата. Ова не е филм за криминалци, туку за проколнати луѓе заглавени во кругот на сиромаштијата. Има ли излез? Целосен осврт тука.
3. Kubo and the Two Strings
Ако треба да трепнете, направете го тоа пред да почне Kubo and the two strings, oти филмов ќе ве остави ококорен и вчудоневиден. Да се разбереме, ова не е филм за деца. Студиото Laika прави анимирани филмови за возрасни, а Travis Knight, главниот аниматор зад Coraline и Boxtrolls, конечно ја презема и режисерската палка и со неа создава магичен stop-motion филм. Целосен осврт тука.
4. Deadpool
Малиот буџет му дозволи на Deadpool да им покаже на пријателите Avengers како се презема ризик и како се испорачува нешто свежо. Филмов има многу помалку заедничко со Marvel отколку со Монти Пајтон. Deadpool е најнеконвеционалниот суперхерој, а истовремено и најсмешниот филм во 2016. Секоја чест за Timothy Miller, кому ова му е прв филм како режисер, но и за Ryan Reynolds, кого уште од Buried го чекав да направи бум на бокс офисот.
5. Elle
Е да, и Elle е еротски филм, ама малку е веројатно дека ќе бидете сексуално возбудени од него. Во својот прв филм по Black Book, Verhoeven гази во прилично матни води, покренувајќи прашања околу садо-мазо односи, синдромот на преживеан, сексуалната согласност и браковите без љубов, сето ова од перспектива на средовечна жена. Како успева да го направи ова без филмот да изгледа како мизогина фантазија на стар дедо? Па ја има пред камерата Isabelle Huppert, најхрабрата актерка на денешницата за која никој не може да каже дека не е под полна контрола на својата женственост. Каков перверзен mindfuck!
6. Handmaiden
Park Chan Wook се враќа во Кореја и од таму ни го дава најеротскиот филм годинава. Тоа што филмот е и омаж на некои од моите омилени режисери го прави компулсивно гледлив. Handmaiden црпи инспирација и од Rashomon, Gaslight, Les Diaboliques, но фамилијарноста со претходните наслови нема да ви го уништи уживањето додека се обидувате да го разврзете... хмммм... лавиринтското сценарио. Филм за секс, лаги и насилство ретко пали, ама кога ќе запали нема гасење.
7. 10 Cloverfield Lane
Каква брилијантна идеја да му се даде на филмов наслов што го евоцира осум години постариот (и инфериорен) Cloverfield. Во сценариото на почетокот немало ни трага од sequel на Cloverfield, ама некој студиски мастермајнд се сетил дека би било кул доколку им даде на двата филма тематска поврзаност. Така, оние кои го гледале 'оригиналот' се во сосема поинаква ситуација од оние кои не знаат за што се работи. Зависно од перспективата, во 10 Cloverfield Lane може да видите два сосема различни филма: постапокалиптичен хорор или параноичен психолошки трилер. Заедничкото на двата е совршеноста на John Goodman, кој копа по Barton Fink рудникот и од него вади чисто злато.
8. A Monster Calls
Ова е филмот што немаше шанса на бокс офисот, но се надевам дека ќе стане култен фаворит. Темата (справувањето со болеста на родител) е премногу депресивна, а чудовиштето (Liam Neeson) е премногу метафорично за да ги привлече традиционалните љубители на хорор филмови. Режисерот J. A. Bayona ја евоцира истата атмосфера од морничавиот The Orphanage, и позајмува мотиви од Paperhouse на Bernard Rose. Не знам кога (и дали) повторно ќе го погледнам филмов, но и еднаш беше доволно за да ми се вреже во сеќавањето.
9. Zootopia
Zootopia е филмот што најмногу пати го изгледав во 2016. Делумно ова е затоа што син ми и ќерка ми како никогаш досега се согласија дека ова им е омилен филм, што значи дека сите сме подложени на Zootopia тортура (дури и Блуреј плејерот почнува да ми штуца кога ќе го види дискот). Но често ми се случува да седнам само за да ја изгледам сцената со мрзливците (најсмешното нешто во 2016) и не станувам оти откривам нови детаљи и алегорични увиди во денешното западно општество. 2016 беше супер година за Дизни!
10. The Nice Guys
Shane Black е холивудскиот аутсајдер кој после многу години си најде нова (и помлада) публика. Откако го режираше Iron Man 3 и заработи еден куп пари за студијата, доби шанса повторно да направи нешто во стилот на Kiss Kiss Bang Bang. The nice guys е уште еден филм ноар измешан со слепстик хумор и обилно насилство. Shane Black има сродна душа во Британецот Matthew Vaughn, па во отсуство на втор дел од Kingsman, фините момци Ryan Gosling и Russell Crowe ја пополнија празнината. Конечно после долго време добивме смешен buddy cop филм од авторот кој го напиша легендарниот Lethal weapon.
11. Fences
Како би се снашол Denzel Washington во адаптирана театарска претстава каде што е и режисер и главен актер? Брилијантно, како и секогаш. Fences е екранизација на популарна драма што има доживеано неколку продукции (вклучувајќи ја и бродвејската со Denzel Washington и Viola Davis), па мислев дека ќе ми пречи тоа што глумата, дијалогот и ентериерите воопшто не се прилагодени за филм. А сепак, кога Дензел испорачува монолог, публиката се тресе. Првите час и половина од Fences се незаборавна студија на карактер кој е истовремено и поголем и помал од животот. Viola Davis е во позадината, сè додека не дојдат нејзините пет минути со кои веројатно ќе освои Оскар. Филмот губи здив пред крај, но сепак е еден од најдобрите годинава.
12. Moana
Ангажманот на Ron Clements и John Musker (Малата Принцеза) нè навраќа на златното доба на Дизни, кога анимацијата сè уште не беше компјутерски исполирана, а музиката беше клучен дел од приказната. Богот Мауи е најзабавниот Дизниев лик по духот во ламбата на Аладин, а Lin Manuel Miranda (мојот омилен музичар во моментот) испорачува совршен саундтрак. Песните се модерни и заразни, многу помалку Бродвеј, многу повеќе хип хоп и глем рок. Слушнете (и видете) ја само прекрасната Shiny, која е нај-bowiesque песна во првата година без Bowie.
13. Arrival
Обожавам тврда научна фантастика и драго ми е што и 2016 понуди нешто добро на тој план. Малку неочекувано за SF, во центарот на приказната е лингвистиката и како таа го одразува (и формира?) начинот на кој го перцепираме светот. Филмот нуди многу за размислување, анализа и дискусија. Denis Villeneueve знае да забега со манипулација и емотивни разврски (Prisoners, Incendies), но тука ја остава приказната да дише и полека да нè обвиткува. Amy Adams e совршена за улогата, но нешто уште не ми е јасно: колку години имаше таа во филмот и дали воопшто остаре?
14. Midnight Special
По извонредниот Take Shelter, Jeff Nichols продолжува со уште еден филм во кој измаченото лице на Michael Shannon е енигма, речиси подеднакво голема како и натприродните појави со кои се соочува. Приказната за дете надарено (или проколнато?) со вонземски способности е плодна почва за манипулација, но Nichols избира да ја раскаже приказната без патетика и со еден куп впечатливи визуелни моменти. Midnight Special е инспириран од Spielberg (E.T. конкретно), но не се плаши да истапка нова патека во жанрот на мека научна фантастика.
15. Hacksaw Ridge
И како глумец, и како режисер, а богами и како човек, Mel Gibson ја има суптилноста на пневматски чекан. Со филмовите како The Passion of the Christ и Apocalypto тој го направи torture porn-от мејнстрим, а со Hacksaw ridge му ја донесе на жанрот и првата номинација за Оскар за режија. Првиот куршум во Hacksaw ridge ме удри по плексус. Од тој момент ударите не престанаа. Војната никогаш не изгледала побрутална, ниту пак човечкото месо покревко. Историјата во филмот делува зашеќерена, но наводно е прилично веродостојна на фактите. Кој би рекол дека приказната за религиозен човек кој одбива да носи оружје ќе биде најкрвавиот мејнстрим филм годинава?
16. Allied
Manchester by the Sea на Kenneth Lonergan ги заслужува сите награди што (ќе) ги освои, но најмногу оние за Casey Affleck. Она што започна како приказна за антисоцијален чичко и внук пубертетлија кои се принудени да живеат заедно, до крајот додаде уште многу слоеви; за родители кои очајно бараат утеха; за мајка и син кои копнеат по фамилија; за еден куп добри луѓе кои се обидуваат да дишат заробени под палимпсест од болка. Откако изронив од киното, дел од мене се восхитуваше на издржливоста на човечкиот дух, додека другиот дел се ежеше од помислата дека Manchester by the Sea е повистински и повозможен од сите други филмови што сум ги видел годинава. Ова е филм за кој треба храброст. Храброст да се напише, да се одглуми, и секако, да се изгледа. Целосен осврт тука.
2. Hell or High Water
Интересно е што двата најамерикански филмови годинава (Hell or High Water и American Honey) дојдоа од Британци. Ако не ви е јасно како пропаста на средна Америка го услови подемот на Трамп, погледнете го ремек-делово на David Mackenzie и слушнете го прекрасниот саундтрак на Nick Cave и Warren Ellis. Низ очите на Marcus (Jeff Bridges) и низ неговите политички некоректни коментари ја согледуваме хипокризијата на еден систем кој со векови толерира неправда и кражба. Пред 150 години жртвите биле Команчите, а денес тоа се правнуците на оние кои ја спроведувале кражбата. Ова не е филм за криминалци, туку за проколнати луѓе заглавени во кругот на сиромаштијата. Има ли излез? Целосен осврт тука.
3. Kubo and the Two Strings
Ако треба да трепнете, направете го тоа пред да почне Kubo and the two strings, oти филмов ќе ве остави ококорен и вчудоневиден. Да се разбереме, ова не е филм за деца. Студиото Laika прави анимирани филмови за возрасни, а Travis Knight, главниот аниматор зад Coraline и Boxtrolls, конечно ја презема и режисерската палка и со неа создава магичен stop-motion филм. Целосен осврт тука.
4. Deadpool
Малиот буџет му дозволи на Deadpool да им покаже на пријателите Avengers како се презема ризик и како се испорачува нешто свежо. Филмов има многу помалку заедничко со Marvel отколку со Монти Пајтон. Deadpool е најнеконвеционалниот суперхерој, а истовремено и најсмешниот филм во 2016. Секоја чест за Timothy Miller, кому ова му е прв филм како режисер, но и за Ryan Reynolds, кого уште од Buried го чекав да направи бум на бокс офисот.
5. Elle
Е да, и Elle е еротски филм, ама малку е веројатно дека ќе бидете сексуално возбудени од него. Во својот прв филм по Black Book, Verhoeven гази во прилично матни води, покренувајќи прашања околу садо-мазо односи, синдромот на преживеан, сексуалната согласност и браковите без љубов, сето ова од перспектива на средовечна жена. Како успева да го направи ова без филмот да изгледа како мизогина фантазија на стар дедо? Па ја има пред камерата Isabelle Huppert, најхрабрата актерка на денешницата за која никој не може да каже дека не е под полна контрола на својата женственост. Каков перверзен mindfuck!
6. Handmaiden
Park Chan Wook се враќа во Кореја и од таму ни го дава најеротскиот филм годинава. Тоа што филмот е и омаж на некои од моите омилени режисери го прави компулсивно гледлив. Handmaiden црпи инспирација и од Rashomon, Gaslight, Les Diaboliques, но фамилијарноста со претходните наслови нема да ви го уништи уживањето додека се обидувате да го разврзете... хмммм... лавиринтското сценарио. Филм за секс, лаги и насилство ретко пали, ама кога ќе запали нема гасење.
7. 10 Cloverfield Lane
Каква брилијантна идеја да му се даде на филмов наслов што го евоцира осум години постариот (и инфериорен) Cloverfield. Во сценариото на почетокот немало ни трага од sequel на Cloverfield, ама некој студиски мастермајнд се сетил дека би било кул доколку им даде на двата филма тематска поврзаност. Така, оние кои го гледале 'оригиналот' се во сосема поинаква ситуација од оние кои не знаат за што се работи. Зависно од перспективата, во 10 Cloverfield Lane може да видите два сосема различни филма: постапокалиптичен хорор или параноичен психолошки трилер. Заедничкото на двата е совршеноста на John Goodman, кој копа по Barton Fink рудникот и од него вади чисто злато.
8. A Monster Calls
Ова е филмот што немаше шанса на бокс офисот, но се надевам дека ќе стане култен фаворит. Темата (справувањето со болеста на родител) е премногу депресивна, а чудовиштето (Liam Neeson) е премногу метафорично за да ги привлече традиционалните љубители на хорор филмови. Режисерот J. A. Bayona ја евоцира истата атмосфера од морничавиот The Orphanage, и позајмува мотиви од Paperhouse на Bernard Rose. Не знам кога (и дали) повторно ќе го погледнам филмов, но и еднаш беше доволно за да ми се вреже во сеќавањето.
9. Zootopia
Zootopia е филмот што најмногу пати го изгледав во 2016. Делумно ова е затоа што син ми и ќерка ми како никогаш досега се согласија дека ова им е омилен филм, што значи дека сите сме подложени на Zootopia тортура (дури и Блуреј плејерот почнува да ми штуца кога ќе го види дискот). Но често ми се случува да седнам само за да ја изгледам сцената со мрзливците (најсмешното нешто во 2016) и не станувам оти откривам нови детаљи и алегорични увиди во денешното западно општество. 2016 беше супер година за Дизни!
10. The Nice Guys
Свеж воздух за сите! |
11. Fences
Како би се снашол Denzel Washington во адаптирана театарска претстава каде што е и режисер и главен актер? Брилијантно, како и секогаш. Fences е екранизација на популарна драма што има доживеано неколку продукции (вклучувајќи ја и бродвејската со Denzel Washington и Viola Davis), па мислев дека ќе ми пречи тоа што глумата, дијалогот и ентериерите воопшто не се прилагодени за филм. А сепак, кога Дензел испорачува монолог, публиката се тресе. Првите час и половина од Fences се незаборавна студија на карактер кој е истовремено и поголем и помал од животот. Viola Davis е во позадината, сè додека не дојдат нејзините пет минути со кои веројатно ќе освои Оскар. Филмот губи здив пред крај, но сепак е еден од најдобрите годинава.
12. Moana
Ангажманот на Ron Clements и John Musker (Малата Принцеза) нè навраќа на златното доба на Дизни, кога анимацијата сè уште не беше компјутерски исполирана, а музиката беше клучен дел од приказната. Богот Мауи е најзабавниот Дизниев лик по духот во ламбата на Аладин, а Lin Manuel Miranda (мојот омилен музичар во моментот) испорачува совршен саундтрак. Песните се модерни и заразни, многу помалку Бродвеј, многу повеќе хип хоп и глем рок. Слушнете (и видете) ја само прекрасната Shiny, која е нај-bowiesque песна во првата година без Bowie.
13. Arrival
Обожавам тврда научна фантастика и драго ми е што и 2016 понуди нешто добро на тој план. Малку неочекувано за SF, во центарот на приказната е лингвистиката и како таа го одразува (и формира?) начинот на кој го перцепираме светот. Филмот нуди многу за размислување, анализа и дискусија. Denis Villeneueve знае да забега со манипулација и емотивни разврски (Prisoners, Incendies), но тука ја остава приказната да дише и полека да нè обвиткува. Amy Adams e совршена за улогата, но нешто уште не ми е јасно: колку години имаше таа во филмот и дали воопшто остаре?
14. Midnight Special
По извонредниот Take Shelter, Jeff Nichols продолжува со уште еден филм во кој измаченото лице на Michael Shannon е енигма, речиси подеднакво голема како и натприродните појави со кои се соочува. Приказната за дете надарено (или проколнато?) со вонземски способности е плодна почва за манипулација, но Nichols избира да ја раскаже приказната без патетика и со еден куп впечатливи визуелни моменти. Midnight Special е инспириран од Spielberg (E.T. конкретно), но не се плаши да истапка нова патека во жанрот на мека научна фантастика.
15. Hacksaw Ridge
И како глумец, и како режисер, а богами и како човек, Mel Gibson ја има суптилноста на пневматски чекан. Со филмовите како The Passion of the Christ и Apocalypto тој го направи torture porn-от мејнстрим, а со Hacksaw ridge му ја донесе на жанрот и првата номинација за Оскар за режија. Првиот куршум во Hacksaw ridge ме удри по плексус. Од тој момент ударите не престанаа. Војната никогаш не изгледала побрутална, ниту пак човечкото месо покревко. Историјата во филмот делува зашеќерена, но наводно е прилично веродостојна на фактите. Кој би рекол дека приказната за религиозен човек кој одбива да носи оружје ќе биде најкрвавиот мејнстрим филм годинава?
16. Allied
Не знам режисер кој има направено повеќе добри филмови за со пуканки (popcorn movies) од Robert Zemeckis. Allied е напнат трилер кој никогаш не се сфаќа себеси премногу сериозно. Brad и Marion имаат хемија, моралната дилема со која се соочуваат во филмот е кул клише, а режисерот Zemeckis го нуди она што е најдефицитарно во Холивуд: добра забава што е привлечна за очи, а не го навредува интелектот.
Почесно место: American Honey
За жал, American Honey го промашив во кино, па импактот му беше значително намален кога го изгледав во авион. Штета, оти ова е редок филм, road movie што е истовремено и неконвенционална coming-of-age приказна. Режисерката Andrea Arnold за првпат режира надвор од Англија, но со својот карактеристичен видео формат (4:3) успева дури и американската огромност да ја направи интимна. Младата Sasha Lane е вистинско откритие, а на Shia LaBeouf ова му е најдобрата улога по дебито во Holes.
P.S. Линков ќе се ажурира неколку пати на ден, сè до недела, пред Оскарите, кога ќе го објавам мојот омилен филм за 2016.

No comments :
Post a Comment