Saturday, 13 June 2020

I Lost my Body - Jérémy Clapin (2019)

Episode 6: I Lost My BodyКако што почна карантинов, на прсти се бројат филмовите што сум ги почнал, а на дланки се бројат оние што сум ги завршил. Еден од нив е токму филм за една дланка, и ако можете да го голтнете фактот што дланката крвава и осамена се шета низ Париз барајќи си го сопственикот, тогаш ова може да биде едно од најубавите искуства што 2020 ви ги подарила.


I Lost My Body review: the touching tale of a manus on a mission ...Дланката му припаѓа на Naoufel, роден во Мароко и уште од мал фасциниран од звуците кои ги прават природата и општеството. Откако ги губи родителите во сообраќајна несреќа, фасцинациите отстапуваат место на егзистенцијалните проблеми, па тој завршува во Париз како разнесувач на пица. Еден случаен домофонски муабет со девојка што нарачала пица го присилува да си ја преиспита кариерата, да ги преслуша аудио лентите кои ги снимал во Мароко, и да се пресмета со стравовите и загубата кои го спречуваат да направи скок во животот.

I Lost My Body Review: A Stunning Animated Adventure – /FilmI Lost my Body беше номиниран за Оскар во категоријата долгометражен анимиран филм, категорија која обично е резервирана за Дизни, Пиксар и останатата 'детска' индустрија. Кога на листата ќе се најде филм како овој, тогаш можете да бидете сигурни дека заслужува да се погледне. Ebert еднаш напиша дека повеќето филмови се како механизам од часовник, но само некои се како операција на срце. Не можам да замислам посоодветна метафора за I Lost my Body.


P.S. Ако ви треба уште една причина да го погледнете филмов, I Lost my Body е адаптација на роман од Guillaume Laurent, сценаристот на Amélie

Is I Lost My Body (2019) on Netflix Mexico?

No comments :

Post a Comment