TM #1: Филип полека ги губи луѓето околу себе. Некои гинат во сообраќајка. Некои заминуваат од Македонија и се претвараат во иселенички клишеа. Некои му мрчат и кога треба и кога не треба. Можеби е време и тој да замине кај неговите ТМ...
TM #2: Што би направиле Македонци ако пред себе го имаат најгенијалниот ум на денешницата, ум што сфатил дека времето кога-тогаш ќе умре, а и дека кругот е прилично тркалезен? Веројатно би го натерале да исчезне со неговата TM.
TM #3: Што би направил Македонец ако му се даде шанса да им се освети на оние кои 30 години му се смеат у фаца? Веројатно би им посакал да го преживуваат истиот пекол на рипит и би ги отерал сите у ТМ!
Сите три интерпретации успешно кохабитираат во најновиот филм на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Лично навивам за оваа последнава, во која Филип од време на време сеирџиски се појавува на по некој 'историски' настан и потоа задоволен си се враќа онаму од каде што дошол.
Во тоа идеално сценарио, Филип ќе им го прати на Ивица и Мартин она делче филмска среќа со кое се стигнува до поголем буџет, и тие ќе успеат да го направат своето ремек-дело. Во меѓувреме, ТМ ќе му се придружи на Копање во фасцинантната визба на светската low-budget кинематографија. Ако ништо друго, ќе бидат во одбрано друштво.
No comments :
Post a Comment