На колкумина од нас им се крева коса на глава кога ќе се спомне македонското образование? Колку многу родители, наставници и деца се фрустрираат од системот и не успеваат да најдат решение за проблемите на кои наидуваат? И додека јавните дебати во врска со образованието главно се фокусирани на вперување прсти и барање виновници, постојат луѓе што пливаат спротиводно. За полесна пловидба изградиле и брод – помагало во наставната програма каде што ги покануваат да се качат и наставниците, и децата, и родителите.Сепак, главни креатори на содржините на НЗД се трите сестри Бојана, Менка и Марија Стојанови. Бојана е доктор на науки по биологија, Менка по физика, а Марија по компјутерски науки и иако веројатно во животот не ни помислувале дека некогаш ќе работат заедно, со оглед на нивните различни полиња на интерес и оддалечени места на живеење (Острава, Лондон и Лион), оваа иницијатива го направила токму тоа. Со нивната вродена кавадаречка ведрина и детска шегобијност, на последната дискусија во средата тие го објаснија концептот на НЗД и повикаа на вклучување во оваа алтруистичка иницијатива.





