Името на Кимет Јусуфи низ медиумите се појави на крајот на минатата година кога претседателот на државата му го врачи новоустановеното признание за успешен млад научник за 2019 година. Биографијата на Кимет е навистина импресивна, особено поради тоа што, додека ја градел својата плодна научна кариера, тој работел со полно работно време како наставник во гимназијата во Гостивар.
Има еден месец откако Кимет престанал да работи во гимназијата. Сега, кога е целосно посветен на академската дејност како доцент на Тетовскиот универзитет и истражувач по теориска физика, тој учествуваше на првата С(ц)иеста во 2021-ва.






