Оваа листа често наидува на недоразбирање, оти некои читатели сметаат дека ги содржи најлошите филмови што сум ги видел во 2015. Далеку од тоа, ова се само филмови кои со нетрпение сум ги очекувал, но не ги исполниле моите очекувања. Сепак, ако ми дадете избор повторно да ги гледам овие 'разочарувања' или пак најновиот Star Wars, веројатно ќе се одлучам за филмовите на листава, оти тие барем се обидуваат да направат нешто неконвенционално и оригинално. Добро, исклучок е филмот под број еден, тој би го гледал пак само со пиштол на чело.