Освртов оригинално беше објавен на: http://kritika.mk/album/rezija-jordan-peele/
Обожавам кога некој хорор филм ќе ме начека неспремен и ќе ми удри заушка. За мене реперот за хорор заушки беше и останува Roman Polanski. Во неговата апартманска трилогија (Repulsion, Rosemary’s Baby и Tenant) никогаш не знаеш кога ќе се смееш, кога ќе се депримираш, а кога ќе се заледиш од страв. Get Out го копира стилот на Polanski, но заушката што ја удира е со уникатна северноамериканска фалца.
Chris (Daniel Kaluuya) е фотограф кој ветува, од скоро вљубен во шармантната Rose (Allison Williams). Двајцата се подготвуваат да заминат на викенд кај родителите на Rose, но на Chris му е малку непријатно што Rose сè уште им нема кажано дека дечко ѝ е црнец. Кога ќе стигнат таму, нелагодноста почнува да расте. Братот на Rose кога е пијан има црнечки фетиш, татко ѝ ужива да зборува за црн(ечк)и работи, а мајка ѝ (Catherine Keener во уште едно оригинално издание) сака да го хипнотизира Chris.

Работите ќе станат многу понелагодни кога низ куќата ќе почнат да дефилираат и други, навидум либерални белци, кои се трудат да го видат светот низ очите на Афроамериканец, но и црнци во кои Chris не успева да најде сродна душа. До крајот на филмот режисерот и сценарист Jordan Peele (кому ова му е прв филм после успешна кариера како комичар) ќе успее да го разоткрие расизмот и во Chris, и во фамилијата на Rose, па дури и во самите нас.
Најдобрите хорор филмови често содржат силен социјален коментар. Да, драми како Moonlight можат да играат на расната карта и да освојат награди оти разбиваат стереотипи и табуа. Но по пат картата губи на свежина, оти најчесто е избледена копија од некој постар (и подобар) шпил. Кога филм како Get Out ќе почне да игра на таа карта, тогаш бидете сигурни дека картата ќе биде скината, згазена, запалена, и потоа повторно извадена цела и неизвалкана, најчесто од зад увото на некој добронамерен но наивен антирасист.

No comments :
Post a Comment