Овој осврт беше оригинално објавен на: http://kritika.mk/album/rezija-anna-biller/
Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат прибежиште на оние кои со драга волја би пуштиле малку крв. Како и одличниот Get Out, кој успева да го согледа латентниот расизам кај оние најлибералните, The Love Witch ја карикира половата (не)еднаквост со тоа што го свртува машкиот поглед кон феминистките. Глетката е ем секси, ем длабоко вознемирувачка.
Ретко кој ќе остане рамнодушен на убавината на Elaine (Samantha Robinson), главната протагонистка на The Love Witch. Стереотипот веќе го знаете. Во film noir, таа би била femme fatale која ги заведува мажите и остава смрт зад себе. Во документарците таа би била богомолката која одвај чека да заврши парењето. Кај Buñuel, таа би била отелотворение на Catherine Deneuve. Но што би можела да биде во хорор филм од 2016? Па вештерка, нормално...
Оваа вештерка пред да се фати за занаетот веројатно одбранила магистериум по феминистички студии и може да рецитира трактати за сексизмот и либертинизмот. Нејзините жртви не мораат да бидат убиени. Наместо тоа, доволно е на нивниот машки поглед да им се возврати со подеднакво експлоатирачки женски поглед. Штом Elaine им покаже на алфа мажјаците илузија на идеална жена спремна да ги исполни сите нивни фантазии, тие одеднаднаш стануваат мачиња што предат до смрт свиткани во скутот на господарката. На гледачот му останува да одлучи дали ќе бара виновник за експлоатацијата, или ќе се препушти на естетско уживање во облините, мускулите, крвта и месото што го исполнуваат речиси секој кадар на The Love Witch.
Филмот не е толку страшен колку што е непријатен и субверзивен. Полн е со стилизирани, кокетни ликови во кои ги препознаваме нашите најдолни инстинкти. Оние што пораснале со италијанските хорори од 70-тите, ќе ги препознаат во The Love Witch потписите на Argento, Bava, Fulci и редица други машки автори кои плачат за субверзија, бидејќи во нивните филмови визуелниот елемент најчесто ја засенува суштината на жената. Режисерката Anna Biller гордо ја носи својата мантија на феминист, иако во приватниот живот е во врска со Robert Greene, автор на контроверзната The Art of Seduction и самопрогласен освојувач на жени. Како и неговата креаторка, филмот The Love Witch ужива во судирот на спротивностите, исфрлајќи по пат искри што го стимулираат телото и го ослободуваат умот.

No comments :
Post a Comment