Денес се навршуваат 30 години откако југословенскиот Дневник го објави првото издание на серијалот Дилан Дог. Читав јас стрипови и пред тоа, ама ова беше првпат да го уловам раѓањето на еден стрип јунак. Првиот број се викаше Доктор Ксабарас, несреќен превод на оригиналниот ромеровски наслов, Зора на живите мртовци. Бев убеден дека сè уште го чувам тоа издание, но позајмувањата, селењата и генералните чистења си го направиле своето. Мојот Доктор Ксабарас веројатно се преселил во стрип рајот каде што нема другари што не враќаат стрипови и мајки опседнати со хигиена, а мене ми остави траен белег и фасцинација со хорор жанрот.
Три децении другаруваме со Дилан и тој ми е сè уште најдрагиот лик од стриповите. Го купувам кога и да го видам во трафика или стрип продавница (фала Бункер!). Читам рецензии на Stripovi.com, се радувам како дете на освртите на Марчело во Весели Четвртак, се згрозувам кога ќе видам дека Американците му го избришале мустакот на Гручо и го прекрстиле во Феликс, дебатирам дали е подобро загорски едноставното 'Сто му вaмпира' или склавиевски апсурдното 'Јудо плесачу', го славам Dellamorte Dellamore на Soavi и го исмевам Dead of Night на Munroe.
Преживеаните |
ДД канонот, од четири издавачи |
ДД ремикс во Обојени Програм |
Планета на мртвите |
Мојот Дилан Дог 'Франкенштајн' |
No comments :
Post a Comment