Кога светот ќе отиде во бестрага, тоа ќе биде заради луѓе кои нудат плитки решенија за длабоки проблеми. Точно е дека очајни времиња бараат очајни мерки, но очајот на крцкавите 'биодинамички' ликови од Biggest Little Farm е многу поразличен од очајот на остатокот на светот. Патот до пеколот е поплочен од woke богаташи.
Biggest Little Farm е пропагандна емисија за движењето наречено биодинамичко земјоделство. Предводени од new age гуру, брачниот пар John и Molly Chester решаваат да купат напуштена фарма и да ѝ дозволат на природата сама да го образува екосистемот од кој ќе се прехрануваат. На тој начин фармата ќе престане да се фокусира на овошките кои претходно ги одгледувала (во овој случај авокадо и лимони) и ќе почне да продава широка палета на производи.

И сето тоа звучи многу симпатично, сè додека не дознаете дека на оваа фарма работат 60 луѓе, повеќето од нив волонтери кои веруваат во принципите на биодинамичкото фармерство. Низ фармата дефилираат прасиња, овчички и пиленца, но палетата и натаму е ограничена, дури и седум години по нејзиното основање. Сè што можеме да видиме се јајца (кои се продаваат за повеќе од долар по парче) и нектарини, а на вебсајтот на фармата се продаваат само масло од авокадо, џем од лимони, и маички со логото на фармата. Каде е диверсификацијата?
Потоа дознавате дека вкупните годишни приходи на фармата се под $250,000, а остатокот од парите доаѓаат од мистериозен донатор. Во тој момент би требало да ви светне сијаличка дека ова не е одржлив бизнис. Со $250,000 не може да се покријат ни платите на вработените (ако воопшто ги има), а камо ли да се инвестира во инфраструктурата. Да не зборуваме за камерите и беспрекорната продукција на документарецов, кои претпоставувам исто така доаѓаат од длабокиот џеб на донаторот.
Отидов да го погледнам филмов затоа што дистрибутер е NEON, истата куќа која ги откупи правата за нашиот Honeyland. Очигледно и двата документарци проповедаат одржливост, и тоа е порака што во денешно време силно резонира со woke публиката. Разликата е што Honeyland е приказна за жена која со години живее според принципите што ги проповеда. Biggest Little Farm e шарена лага создадена од мистериозни донатори и професионални манипулатори. За жал, публиката веројатно нема да може да ја согледа разликата.
No comments :
Post a Comment