Да се биде научник значи да се биде љубопитен,
да се истражува, да се чита и пишува и да се создава ново знаење. На последната
научна средба во средата, со Петар Поповски, професор на Универзитетот во
Алборг, Данска, визитинг-професор на Универзитетот во Бремен и експерт за
безжични комуникации, се дискутираше на тема научни комуникации и процеси. Ова
се неговите сумирани размислувања и ставови на темата (со бонус-трака „5Г“).Tuesday, 19 May 2020
НА КАНТАР СО ПЕТАР ПОПОВСКИ: Во научните трудови најважни се идејата и интелектуалниот скок
Да се биде научник значи да се биде љубопитен,
да се истражува, да се чита и пишува и да се создава ново знаење. На последната
научна средба во средата, со Петар Поповски, професор на Универзитетот во
Алборг, Данска, визитинг-професор на Универзитетот во Бремен и експерт за
безжични комуникации, се дискутираше на тема научни комуникации и процеси. Ова
се неговите сумирани размислувања и ставови на темата (со бонус-трака „5Г“).Tuesday, 12 May 2020
НА КАНТАР СО РОЗИТА ДИМОВА: Ех да имам ко што немам
(антрополошко видување на кризата со КОВИД-19)
![]() |
Најпрвин во најголемите колички во маркетите полневме брашно, зејтин, грав, леќа, шпагети, прашок за перење... Додека намирниците останаа да фаќаат прашина по дома, сфативме дека душичката ни плаче за манго, протеинско јогуртче и чипс, па почнавме да си ги купуваме сите луксусчиња по кои копнеевме во оној период кога пред супермаркетите почнаа да се прават редови како да нема утре (за пазарување). Бидејќи не можевме парите да ги трошиме по кафеани и кафулиња, веднаш ги пренаменивме за алое вера кое читавме дека го зајакнува имунитетот за можната борба со коронавирусот, за сапуни специјално создадени да не ни ја сушат кожата ни по стотото миење на рацете во денот и за понекој украс за по дома. А во суштина, едвај чекавме да се отворат трговските центри за да можеме да си купиме нов пар чевли кои може и никогаш немаше да ги облечеме, но барем ќе се почувствувавме сигурни дека работите се враќаат во нормала.
Tuesday, 5 May 2020
НА КАНТАР СО АНАСТАС ВАНГЕЛИ: Кина и КОВИД-19 - глобална политичка перспектива
Околу планетата Трисоларис кружат три сонца. На неа нема предвидлив тек на денот и ноќта, на годините и месеците, на годишните времиња. Понекогаш денот може да трае со недели, а следниот да заврши додека да трепнеш. Исто како и ноќта. Одеднаш може да стегне поларна зима, па да пукне пеколно лето. Нејзината цивилизација живее секојдневно справувајќи се со непредвидливото. Ова била првата асоцијација што му се јавила на Анастас Вангели во деновите кога сите сфаќавме дека соочувањето со кризата што почна да ја предизвикува коронавирусот всушност значи да ѝ се гледа в очи на непредвидливоста и да не може да се види каков ќе ни биде понатаму животот.Sunday, 26 April 2020
НА КАНТАР СО ДРАГАН ТЕВДОВСКИ: Сите за државата, државата за сите
Иако во добрите (нормалните) времиња постојано се зборува дека приватниот сектор е добар, ефикасен и продуктивен, а дека јавниот сектор е лош, неефикасен и паразит, големите кризи секогаш ја враќаат важноста на државата.
Во средата, која стана редовен термин за средба на отворени умови кои разговараат на различни актуелни научни теми, гостин беше професорот Драган Тевдовски, експерт за финансии и поранешен прв човек на Министерството за финансии, кој зборуваше и одговараше на прашања поврзани со стратегиите што државите ги преземаат за справување со кризата предизвикана од коронавирусот и како тие ќе се одразат врз развојот на општеството во светот.
Tuesday, 21 April 2020
НА КАНТАР СО АЛЕКСАНДАР СТОЈКОВ: Овој пат кризата е навистина поинаква
(Насловот е инспириран од книгата „Овој пат е поинаку“ („This Time is Different“) на Кармен Рајнхарт и Кенет Рогоф)
Справувајќи се со здравствените последици од КОВИД-19, на почетокот ги занемаривме економските. Социјалното дистанцирање и карантинот се успешни во ублажување на пандемијата, но имаат висока економска цена. Во средата (15.04.2020 г.), Александар Стојков, професор по економија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во онлајн-дискусија одговараше на прашања поврзани со економијата во време на коронавирусот. Во продолжение можете да најдете одговори на прашањата: кои се економските импликации на КОВИД-19, какви се мерките што (можат да) се преземаат за ублажување на последиците и има ли предвидувања за тоа што нè чека и на личен, и на колективен финансиски план.
Friday, 27 March 2020
#НаукаЗаДеца
Во време кога никој не знае со сигурност како да се справи со коронавирусот, добро е да си ги бираме битките и да се обидеме да дадеме придонес онаму каде што сме најсилни. Јас не знам дали е неопходно да се носи маска, не знам дали моменталните мерки се претерани или не, но знам дека на сите овие прашања науката кога-тогаш ќе даде одговор. Додека дојде тој момент, ќе го правам она што најдобро го знам -- ќе споделувам наука со луѓе кои прифаќаат неизвесност и нови перспективи. А кои луѓе најдобро го прават тоа? Па нормално, децата.
Labels:
NestoLicno
,
НештоЛично
Wednesday, 27 November 2019
Година без Горан
Во 1997 заминав за Америка и мислев дека веќе нема да се вратам во Македонија. Така мислеа и родителите и сите пријатели. Само еден човек прописно ми ја предвиде иднината. Тоа беше Горан Стефановски.
Го немав запознаено Горан лично, но во годините што следеа имав впечаток дека тој е единствениот човек на светот што ме разбира. Пишува за мене во неговите драми. Ми се обраќа преку интервјуата. Ме тера да ги слушам Битлси, Леб и Сол, но и Куку Леле. Преку Силјан од Црна Дупка ме предизвикува дека не можам да свршам со отворени очи (можам Горане, можам). Преку Рина од Кула Вавилонска ми предвидува дека ќе се враќам во Македонија кога другите ќе сакаат да бегаат. Остави ме на раат Горане, не се враќам па мајка Јана!
Labels:
NestoLicno
,
НештоЛично
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)

