Days of Future Passed е името на најпознатиот албум на прог-рок групата Moody Blues. Никогаш не сум помислил дека Moody Blues и X-men можат да бидат спомнати во иста реченица, меѓутоа ми се чини дека кога Brian Singer решил повторно да го земе X-кормилото во свои раце, бил инспириран од психоделијата на Nights in White Satin. Тонот на најновата приказна од Marvel универзумот е елегичен, приказната е далеку поамбициозна од претходниците, а се’ се врти околу една прилично темпераментна (moody) сина (blue) личност - Mystique (Jennifer Lawrence).
Friday, 29 August 2014
Wednesday, 20 August 2014
Locke - Steven Knight (2014)
Мал е бројот на глумците кои можат комплетно да износат еден филм на
своите плеќи, но Tom Hardy е дефинитивно еден од нив. Лани бев
воодушевен од Robert Redford кој во All is Lost покажа како се прави
напнат филм со еден глумец и речиси без дијалог. Оваа година Tom Hardy
создава уште потензичен трилер како градежен изведувач кој час и
половина вози кола и зборува на телефон.
Labels:
PopKultura
Friday, 8 August 2014
Under the Skin - Jonathan Glazer (2014)
Jonathan Glazer и Scarlett Johansson добиваат чиста десетка за храброст. Under the skin e субверзивен, херметички затворен и на границата на гледливост. Единствениот начин да се ужива во оваа lo-fi научна фантастика е со изгасени светла и минимум екстерни дистракции. Кино сала помага, како и џоинт или два. Точно е дека Scarlett Johansson е гола низ речиси целиот филм, но немојте да го гледате филмот само заради ова; ќе ви преседне голотијата.
Labels:
PopKultura
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)