Friday, 8 August 2014

Under the Skin - Jonathan Glazer (2014)


Jonathan Glazer и Scarlett Johansson добиваат чиста десетка за храброст.  Under the skin e субверзивен, херметички затворен и на границата на гледливост.  Единствениот начин да се ужива во оваа lo-fi научна фантастика е со изгасени светла и минимум екстерни дистракции.  Кино сала помага, како и џоинт или два.  Точно е дека Scarlett Johansson е гола низ речиси целиот филм, но немојте да го гледате филмот само заради ова; ќе ви преседне голотијата.  



Приказната е минимална.  Scarlett Johansson глуми жена вонземјанин која вози низ Шкотска и собира мажи на улица, за потоа да ги однесе во својот апартман и да ги дезинтегрира во нејзиниот базен полн со течна жива или нешто подеднакво морничаво.  Работите одат добро за неа се додека не качи во колата човек со голема деформација на лицето и не се сожали над него.  Емпатијата скапо ќе ја чини.

Третиот филм на Jonathan Glazer е далеку побавен од неговиот првенец Sexy Beast и далеку подвосмислен од претходникот Birth.  Лично, не ми пречеа ни бавноста ни двосмисленоста, но имав проблем со герила стилот (непрофесионални глумци, импровизиран дијалог, евтини специјални ефекти) што прави целиот филм да изгледа како дипломска работа на исклучително талентиран студент.  Буџетот на филмот и не е толку мал (13 милиони долари), но делува дека повеќето од парите отишле на хонорарот за Johansson.  Ако се мислите дали вреди да се погледне, еве ви мал тест.  Погледнето го видео спотот за Rabbit in Your Headlights, режиран од Glazer пред повеќе од 15 години.  Ако по крајот од спотот имате неиздржлива потреба повторно да го пуштите од почеток, Under the Skin ќе ви влезе под кожа. 




No comments :

Post a Comment