Wednesday, 28 January 2015

Музички топ 14 за 2014

Во 2014 нестрпливо ги очекував новите албуми на Aphex Twin, Beck, и TV on the Radio, а имав надеж и за соработката меѓу U2 и Danger Mouse, како и за последниот албум на Pink Floyd.  За жал, ниеден од овие албуми не се најде во мојот топ 14, пред сè бидејќи се правени според некој веќе слушнат шаблон.  За среќа, горенаведените ветерани беа потиснати од музичари кои не се плашат да преземат ризик и да создадат нешто оригинално.  Во следните месец дена ќе ги објавам моите омилени албуми од годината што измина.

Friday, 23 January 2015

Foxcatcher - Bennett Miller (2014)

Не секој комичар може да глуми во сериозни филмови, но оние што успеваат во тоа создаваат незаборавни ликови.  Таков лик е милионерот John E. DuPont во изведба на Steve Carell.  Со своето дрвено држење, нервозна дикција, и со мртвиот поглед, DuPont создава инстинктивен немир далеку пред да земе пиштол во раце.  По првиот испукан куршум веќе немаме дилема дека нешто со DuPont сериозно не е во ред, но она што следува е толку неверојатно што мора вистински да се случило.

Wednesday, 14 January 2015

Whiplash - Damien Chazelle (2014)

Whiplash е филм за џез, опсесија, тортура и освета.  Последен пат кога имам видено слично психичко малтретирање на филм беше кога наредникот Хартман се изживуваше врз своите војници во Full Metal Jacket.  Оние кои го гледале бруталниот филм на Кјубрик знаат дека ова е комплимент што тешко се заслужува.  Ronald Lee Ermey e единствениот глумец кому Kubrick му дозволил да ја импровизира својата улога, затоа што имал комплетна доверба во садистичките способности на еден поранешен drill sergeant.  Садистот во Whiplash не e војник туку џез диригент, а сепак актерот J.K. Simmons успева од него да создаде подеднакво одвратен и комплетно уверлив монструм.