Monday, 23 February 2015

Филмски топ 14 за 2014


Интересно е што една од најлошите години за Холивуд на финансиски план е истовремено и една од годините што понуди најхрабри и најиновативни филмови.  Веројатно како контратежа на подемот на квалитетни ТВ серии кои ја задржуваат повозрасната публика надвор од кино-салите, забележлив е тренд на експериментирање со филмската форма и создавање на дела кои се или преамбициозни или преголеми за телевизискиот екран.  

Во еден таков креативен амбиент, на мојава листа не успеаја да се најдат еден куп солидни филмови за кои веќе пишував, како експерименталниот Under the skin, (не толку) детскиот Lego Movie, и големобуџетниот X-Men.  Бидејќи пишувам осврти исклучиво за филмови кои ги гледам во кино, не стигнав да ги пофалам и The Unknown Known (морничав документарец во кој Errol Morris го разоткрива Donald Rumsfeld), Oculus (ретко паметен хорор), John Wick (немилосрдна и елегантна акција), и Maleficient (постмодерно читање на омилена бајка).  Криво ми е што сè уште го немам гледано A Most Violent Year, оти судејќи според резимето на режисерот JC Candor, ништо чудно да треба да ја преуредам листава наскоро.  Се надевам дека наскоро ќе најдам време и за Citizenfour, Leviathan, и за Nightcrawler.  Во меѓувреме, еве кои филмови од 2014 ми оставија најсилен впечаток:


Saturday, 21 February 2015

Шест (ипол) филмски разочарувања од 2014

Значи да се разбереме, ова не е листа на лоши филмови, туку е листа на филмови кои успеаја да ме разочараат изминатата година.  Сигурно во 2014 имаше и полоши филмови од подолу наброjaните (непотребниот Sin City 2 доаѓа на памет), но разочарувањето не е пропорционално со квалитетот на филмот туку со висината на очекувањата што сум ги имал.  Со тоа појаснување, еве ги филмовите кои според мене потфрлија во 2014:

Friday, 20 February 2015

The Imitation Game - Morten Tyldum (2014)

The Imitation Gamе е просечен биографски филм за еден далеку надпросечен човек.  На филмот му фали оригиналност, храброст и контроверзија, сето она што главниот лик, брилијантниот математичар Alan Turing го имал на претек.  Imitation Gamе имитира други биографски филмови што претендирале за Оскар, комплетно оправдувајќи ја онаа латинската, nomen est omen.