Веќе станува холивудска традиција при крајот на годината да добиеме еден сериозен и научно издржан научнофантастичен филм. Но, за разлика од Gravity (2013) и Interstellar (2014) кои сакаа да испровоцираат и емотивни реакции од гледачите, The Martian има релативно студен и бесчувствителен пристап, што одлично ја доловува книгата на која е заснован.
Во суштина филмот е прилично праволиниска survival приказна за астронаутот Mark Watney (Matt Damon) кој по игра на случајот останува сам на Марс. Следуваат седум месеци минати во борба со природата и нејзините закони. Немаш храна? Почни да ги р'тиш компирите од астронаутските пакети. Немаш доволно вода? Создади ја изложувајќи водород на кислород и пази да не се утепаш. Немаш ѓубриво? Секако дека имаш, само треба да го затнеш носот и да... рециклираш. Немаш ракета за враќање дома? Имај верба во себе и во НАСА.

Не мислам дека било кога сум видел филм што е поверодостојна адаптација на книга. Слично како и книгата, Martian е поделен на десетина мини-епизоди, и секоја од нив ја возвишува човечката инвентивност во очи на суровата и индиферентна природа. За мене сето ова беше многу повозбудливо на хартија, зашто авторот Andy Weir ужива да дава детални описи на научниот пристап на Mark Watney. На филм, иако процесот е детално (и точно) претставен, сепак науката делува како хокус-покус. Во секој случај браво за режисерот Ridley Scott што успеал да направи забавна и уверлива приказна без да ја компромитира науката. Згора на тоа, филмот дава веродостоен визуелен приказ на Марс и на астронаутското опкружување, нешто што многу ми фалеше додека ја читав книгата.
Филмот е супериорен во сегментите што покажуваат како десетина научници можат да го обединат човештвото подобро од илјадници политичари со своите пи-ар машинерии. Jeff Daniels и Chiwetel Ejiofor се одлични во улогите на НАСА административци кои водат и внатрешна и надворешна битка да ги балансираат емоциите и да се справат со неблагодарната улога да проценуваат ризик и да ставаат цена на човечки животи. За пофалба е и сценаристот Drew Goddard што одолеал на потребата да додаде љубовна приказна. Watney нема партнер што го чека и му дава сила да издржи. Неговата сила доаѓа од вербата во науката и од смислата за хумор.
Изненадува што со волку сувопарно сценарио филмот успеа да биде на врвот на американскиот бокс офис две недели по ред. Всушност и самото постоење на The Martian е доказ дека науката има моќ да нè фасцинира, дури и ако не е зачинета со сензационализам. Она што започнало како аматерски книжевен обид на софтверски инжењер, заврши како веројатно најголемиот блокбастер за 2015. За сите оние кои мислат дека златните времиња на НАСА се минато, Martian e доказ дека вселената е сè уште привлечна и дека ако некогаш навистина го освоиме Марс, срцата на целиот свет ќе чукаат како едно.

P.S. Ако го промашивте линкот од погоре, еве каде може да прочитате повеќе за науката во The Martian: http://www.iflscience.com/space/how-accurate-martian-9-things-movie-got-right-and-wrong
P.P.S. А еве како НАСА гледа на филмот: https://www.nasa.gov/realmartians
No comments :
Post a Comment