
Епа еве синко што видов денеска. Видов приказна за едно храбро момче (Кубо) одгледано од кататонична (не знаеш што е
кататонична?) мајка, чијшто татко бил убиен од дедо му. Дедото не сопрел тука, туку му го одземал едното око на внукот, и сега го прогонува (заедно со другите две ќерки вештерки) за да му го земе и второто око и да го направи комплетно слеп. Дедото верува дека само така неговиот внук може да му се придружи на престолот на месечевото кралство, место забрането за обични смртници, без разлика колку се храбри и паметни. Во битката против месечевото кралство Кубо користи оригами фигури, кои оживуваат кога тој ќе засвири на својот шамисен (јапонска гитара), направена од три струни. По пат му помагаат мистериозниот мајмун Monkey и човекот бубачка Beetle.
No comments :
Post a Comment