Не го сакам стереотипот за ладнокрвниот Јапонец кој работи како машина и за ништо не се буни. Да, работната култура им е на завидно ниво, но сум видел таму и агресија и солзи, сум пиел во распаднати поткровја, сум чекал возови кои никогаш не дошле и сум држел предавања што доцнеле и по триесет минути. Ако некој сака да погледа под исполираната површина на Јапонија, им препорачувам да го погледнат Shoplifters, златната палма од Кан и најдобриот филм на Синедејс досега.
На почетокот личи дека Shoplifters е приказна за Yuri, мало девојче кое е 'украдено' од страна на сиромашна фамилија затоа што нејзините вистински родители ја злоставуваат. И тоа веќе изгледа како интересен заплет, но потоа дознаваме дека синот на сиромашната фамилија крие во себе длабоки трауми, а и дека фамилијата не е баш фамилија. Сепак најнеочекуваното е што главните протагонисти, иако технички се киднапери, содржат во себе повеќе хуманост од сите други ликови што ги видов во кино месецов.
Во филмовите на Hirokazu Kore-Eda има многу нежност. Како и во прекрасните Like Father Like Son и After the Storm, Kore-eda и во најновиот филм се занимава со прашањето што значи да имаш семејство. Дали е подобро да бидеш со твоите родени родители по секоја цена, или секој треба да има право да си го избере семејството што го посакува? Нормално, ова е лажна дилема без лесно решение, а судбината на главните ликови во Shoplifters ме потсети дека крвта е (само/дури) 80 проценти вода.

No comments :
Post a Comment