Roma е филмот што го правиш откако ќе ги собереш сите можни награди во еден медиум и ќе одлучиш дека сега сè ти е дозволено. Дозволено ти е да снимиш филм во црно бело, на 'странски' јазик, исклучиво со диегетска музика, речиси без дијалог, и да го дистрибуираш преку нов медиум создаден за пиш-паузи и станувања до фрижидерот.
Му честитам на Cuarоn за храброста, оти има направено интимен и некомерцијален филм. Тоа што го дистрибуира преку глобална и крајно комерцијална платформа е доказ дека Нетфликс е иднината на филмската индустрија, и наскоро тоа ќе биде потврдено со неколку златни статуетки. Сепак, oва е филм кој бара кино сала. На телевизија, со звукот на фрижидерот и колите од надвор, со милион дистракции во видното поле, се губи суптилноста на приказната и елеганцијата на раскажувачот.

Останува една бавна камера, која плови лево-десно и од далеку снима човечки драми на луѓе кои се дават. Се дави слугинката Cleo (Yalitza Aparicio), напуштена од дечкото затоа што останала трудна од него. Се дави Sofia, стопанката на куќата чијшто маж еден ден без збор ги напушта неа и четирите деца. Се дават и децата, фатени за сламката дека татко им сè уште ги сака. Во еден момент бран на насилство и смрт го заплиснува филмот. Се стаписуваш, ти се превртува стомакот, стискаш пауза за да се освежиш.
Не знам колку од ова е спојлер, затоа што филмот има наративна структура отпорна на спојлери. Си тече бавно и за секој лик си има по неколку изненадувања. Приказната има автобиографска автентичност. Cuaron ја поставува камерата на вистинските места. Звуците и музиката одлично го доловуваат Мексико. Актерите се совршено кастирани. А сепак, паметот постојано ми пливаше на друга страна. Би сакал да му дадам на Roma втора шанса во кино. Не за друго, туку за да знам дали е до Нетфликс или е до мене.
P.S. Се воздржав од читање на Берардинели сè до сега, но неговиот осврт потврдува дека и Нетфликс знае дека Рома не е филм за на Нетфликс:
'(Netflix was so aggressive in wanting me to see it theatrically rather than on a screener that they arranged a private theatrical showing to ensure it would happen.) Seeing Roma on a TV or even a tablet is better than not seeing Roma at all, but it won’t be the same. (This is from someone who champions home viewing in many cases.)'

No comments :
Post a Comment