Sunday, 24 February 2019

Филмски топ 18 за 2018

Лани не објавив филмска топ листа, оти немав доволно филмови за кои сакам да пишувам. И натаму уживам да одам во кино, но проблемот е што ретко впечатокот ми се задржува во мозокот доволно долго за да го преточам во осврт. Во срцето уште поретко. И во 2018 одвај се натерав да направам листа, оти филмската понуда е млитава. Сепак годинава ми даде филм што го изгледав четири пати, и веројатно ќе го гледам уште. Тоа што е филм на драг пријател ме спречи да напишам објективен осврт, но не ме спречува да го ставам на врвот на оваа крајно субјективна листа.


1. Исцелител

Image result for secret ingredient iscelitelЃорче Ставрески направил филм коj функционира на многу нивоа. И како симпатична стоунер комедија што руши бариери за нации, генерации и легализации; и како неореалистична драма во која може да се препознаат 90 проценти од луѓето во Македонија; и најважно од сè, како интимна приказна во која Ѓорче има вложено голем дел од себе. Светскиот успех на Исцелител е сосема заслужен, а ефектот што го имаше врз македонската публика е предвесник на една мала филмска ренесанса во државава. (Повеќе тука)

2. The Border

Related imageBorder е бескомпромисен филм за ликови какви што не сум видел на филмско платно. Има хорор и има хумор. Има незаборавни сцени во кои се обединети нежност и бестијалност, мелодрама и хардкор секс. Филмот едноставно има душа. Секогаш кога станува збор за табу теми, лесно е да се задржи вниманието на гледачот. Тешкото е да се хуманизира нешто што можеби од самиот почеток не било човечко. (Целосен осврт тука)

3. Shoplifters

Како и во прекрасните Like Father Like Son и After the Storm, Kore-eda и во најновиот филм се занимава со прашањето што значи да имаш семејство. Дали е подобро да бидеш со твоите родени родители по секоја цена, или секој треба да има право да си го избере семејството што го посакува? Нормално, ова е лажна дилема без лесно решение, а судбината на главните ликови во Shoplifters ме потсети дека крвта е (само/дури) 80 проценти вода. (Целосен осврт тука)

4. The Favourite

The Favourite има приказна која е и смешна, и апсурдна, но пред сè различна од филмовите со кои Lanthimos го разбранува филмскиот свет. Нема во Favourite ниту приказни за џиновски мачки кои демнат надвор од домот (Dogtooth), ниту луѓе кои се претвараат во животни ако не најдат партнер (Lobster), ниту пак руски рулет со семејството (Killing of a Sacred Deer). А сепак... (Целосен осврт тука)




5. Leave no Trace

Image result for leave no traceПо извонредниот Winter's Bone, на Debra Granik и требаа осум години за да направи нов филм. Leave no Trace ја има истата сировост и хуманост, повторно доловена преку тензична врска меѓу татко и ќерка. Thomasin McKenzie го има интензитетот на Jennifer Lawrence, а Ben Foster вади од себе уште еден лик чија неприлагоденост отсликува длабоки проблеми во модерното општество.

6. Green Book

Image result for green bookКој би рекол дека во 2018, годината на секакви empowerment филмови, најдобриот ќе дојде од режисерот на There's Something About Mary. Убаво е кога пораката доаѓа со здрава доза на хумор, а уште поубаво кога двајцата главни ликови (Viggo Mortensen и Mahershala Ali) имаат хемија на претек. Најубавото е што ова е вистинска приказна што ме натера да се соочам со сопствените предрасуди. Зошто очекував музиката на Don Shirley да звучи поинаку?

7. Annihilation


Image result for annihilation
Имам многу да му замерам на Нетфликс годинава, но Annihilation им беше вистински потег. Ова е филм кој во кино ќе потонеше, затоа што има заплеткано сценарио, бавен тек и вознемирувачка иконографија. Го гледав двапати и можам да потврдам дека и на мал и на голем екран впечатокот е подеднакво силен.

8. Death of Stalin

Image result for death of stalinБрутална сатира од режисерот на In the Loop, уште помоќна затоа што се држи до фактите. Armando Iannucci знае дека секој цар е гол, но за да се уверите со свои очи ќе треба да ѕирнете низ завеса од потпикувачи и психопати, кои ќе направат сè за да ве убедат во спротивното. 

9. Alone at my Wedding


Image result for alone at my weddingНежна приказна за Памела (Alina Serban), Ромка од Романија која во потрага по подобар живот завршува како невеста по порачка. Не, мажот не е монструм, а ни Памела не е цвеќе за мирисање. Се гледа дека режисерката Marta Bergman се калела на документарци, а првиот игран филм ѝ ја донесе и главната награда на Синедејс. Штета што повеќе луѓе не останаа на проекцијата.

10. Копање

Related imageФилмов го видов во право време на право место. Беа таму многу луѓе од мојот претходен живот. Се шмугнав во моето удобно ќоше од Фросина и ги набљудував познаниците, сокриен зад брадата која ја пуштив пред некоја година. Сакам ли да знам што им се случило на овие луѓе во меѓувреме? Не останав на пијачките по аплаузот. Не ми се копаше тогаш и таму. Можеби некој стар пријател ќе го прочита ова и ќе посака да копаме заедно. Ако не, никому ништо... (Целосен осврт тука)

11. Ready PlayerOne

Image result for ready player one shiningКонечно филм на Спилберг кој го има духот на првите Индијана Џонс. Потопен во носталгија по 80-тите, филмот наоѓа начин да направи омаж без да биде бледа копија на филмовите што го инспирирале. Ако ништо друго, вреди заради рекреацијата на Shining.

12. Jumanji: Welcome to the Jungle

Image result for jumanji rock kevinКога сме веќе кај спилберговски филмови... Оваа верзија на Jumanji e далеку подобра од оригиналот, претежно благодарение на Kevin Hart и The Rock. Во година кога комедијата е нападната од сите страни, Jumanji покажува како да се направи смешен филм со прогресивна агенда.

13. Eighth Grade

Image result for eighth gradeРежисерот Bo Burnham e комичар и јутјубер кој знае дека овие две професии кријат многу несигурност и резигнираност. Eighth Grade ги бара корените на овие чувства и не нуди лесни решенија. Elsie Fisher е совршена во улогата на несигурна адолесцентка која сака да го убеди светот (и себеси) дека сè е под контрола. 

14. Halloween

Image result for halloween david gordon greenJamie Lee Curtis е одлично кастирана како баба која цел живот го поминала во страв од Mike Myers и одвај чека да добие шанса да се освети. Режисерот David Gordon Green е вистинскиот човек за reboot на франшизата и многу ми е драго да видам дека повторно прави сериозни филмови. Со овој филм продукциската куќа Blumhouse ги надраснува своите B-филм корени и прераснува во хорор велесила.

15. Spider-man: Into the Spider-Verse

Image result for spider man into the spider verseЕве филм кој промовира различност и толеранција без да ми ја навреди интелигенцијата. Треба време за да скопчаме зошто во филмов има неколку Спајдермени од различни универзуми, ама приказната е визуелно богата и сценаристички инвентивна. Дефинитивно најдобриот анимиран филм годинава, во кој уживав и јас и фамилијата.

16. A Star is Born

Image result for star is bornНемав план да го гледам филмов, ама блескавите критики ме разубедија. Lady Gaga и Bradley Cooper имаат одлична хемија, а саундтракот е изненадувачки разновиден и слушлив. Мислев дека овој филм ќе ги собере Оскарите годинава, ама се излажав во прогнозите. Сепак ова е филм како од златното доба на Холивуд и пофалбите се сосема заслужени.

17. Hereditary

Image result for hereditaryФино ме извозе филмов, иако на крајот се почувствував излажано. Ari Aster сакал да направи нешто налик на !mother, ама за поширока публика. Исходот, и покрај недостатоците, е нешто што заслужува внимание. 

18. Suspiria

Image result for suspiria 2018Малку градови имаа шанса да го видат Suspiria во кино, но за среќа Скопје беше еден од нив. Различен од оригиналот, но полн со неаборавни кадри кои преку хаотичната монтажа продираат до потсвеста и вознемируваат на примално ниво. Кореографијата е првокласна, а Luca Guadagnino изненадува колку лесно се шалта од Merchant-Ivory во Argento територија.




No comments :

Post a Comment