Sunday, 3 February 2019

Border - Ali Abbasi (2018)

Image result for the border 2018Eraserhead, Let the right one in, Border... Не знам точно зошто ја направив оваа асоцијација, ама сега не можам да се отарасам од неа. Ако првите два наслова не ви значат ништо, веројатно не сте спремни за третиот. Не знам како поинаку да ве подготвам за филм во кој физичките деформации не знаат за граница, а емотивната осакатеност се открива пласт по пласт, сè додека не се соочиме со една страшна, но чиста душа.

Image result for the border 2018Режисерот Ali Abbasi (Иранец што живее во Шведска) успеа да ме фати неспремен. На почетокот мислев дека станува збор за хорор комедија, затоа што главниот лик е царинска службеничка (Eva Melander) со чудни црти на лицето и префинето чувство за мирис што ѝ овозможува да намириса шверцери. Со секоја наредна сцена хуморот отстапуваше место на исчекување, па на мачнина, па на шок. Дали е службеничката човек? Дали може да намириса детска порнографија? Дали би заштитила некого што тргува со детска порнографија?

Related imageBorder е бескомпромисен филм за ликови какви што не сум видел на филмско платно. Има хорор и има хумор. Има незаборавни сцени во кои се обединети нежност и бестијалност, мелодрама и хардкор секс. Филмот едноставно има душа. Секогаш кога станува збор за табу теми, лесно е да се задржи вниманието на гледачот. Тешкото е да се хуманизира нешто што можеби од самиот почеток не било човечко. 



P.S. Таман пред да го постирам освртов открив дека сценариото е засновано на кратка приказна на John Ajvide Lindqvist, сценаристот на Let the right one in. Значи барем една од асоцијациите во првиот параграф не била случајна:)

No comments :

Post a Comment