Корекција, 1 јануари 2017: Скорешни истражувања за врската помеѓу пушењето и загадувањето на воздухот во Кина фрлаат нова светлина врз долниот текст. Наскоро ќе напишам подолг осврт на темава, но во меѓувреме еве ја студијата која ме натера да ги преиспитам своите тврдења:
http://berkeleyearth.org/air-pollution-and-cigarette-equivalence/
Фото преземено од MKD.mk |
Оригинал: Деновиве се изнаслушав од пријатели како не можат да дишат во скопскиве магли. Навистина, Скопје е одвратно месецов и не можам да замерам никому кој решил да остане дома и да ги затвори прозорците. Ова е посебно важно за децата и хронично болните, кои се почувствителни на промени во квалитетот на воздухот. Сепак, иронично е што голем дел од жалбите ги слушам од пушачи. Затоа малку здрав разум и основна статистика не е на одмет.
Концентрацијата на ПМ10 честички (честички помали од 10 микрометри кои лесно влегуваат во дишните патишта) во воздухот деновиве е околу 1000µg на кубен метар (илјада микрограми е еднакво на еден милиграм). Дневно човек вдишува околу 18 кубици воздух, што би рекло дека во нашите дишни патишта внесуваме околу 18 милиграми (mg) честички помали од 10 микрометри. Бљак. Ова се огромни количества и не е ни чудо што повеќето Скопјани се загрижени до ниво на паника. Но, како и обично, каде има паника има и место за скепса.
Погледнете го графиконот подолу. Кои честички се наоѓаат веднаш до смогот? Чадот од цигари. Не знам каков е составот на скопската магла во споредба со составот на скопските цигари, но знам дека и двете се штетни и дека придонесуваат кон ПМ10 индексот. Фино би било да ги нема, но тешко е комплетно да ги елиминираме од нашите животи. Како илустрација, консумирањето на една цигара ги збогатува нашите бели дробови со околу 20 милиграми ПМ10 честички, а туѓите со по неколку микрограми преку пасивно пушење (second-hand smoke). Значи за пушачите меѓу нас, еден ден дишење во ова морничаво Скопје е еквивалент на една цигара. Епа кој пуши по 20 на ден (а тоа е значаен дел од популацијата на Скопје), не би требало да се плаши од 21-вата.

Но овој аргумент има две острици. Непушачите ќе речат дека и една цигара е премногу и дека оваа статистика е доказ дека воздухот во Скопје не би требало да се дише. Како непушач комплетно се согласувам, но засега не планирам да го сменам својот начин на живот поради тоа. Ако и по неколку месеци нивото на загаденост остане исто, тогаш ќе почнам да размислувам за алтернативи, затоа што секоја долгорочна изложеност на ПМ10 честички го зголемува ризикот за болест. Но искуството од 90-тите кога Скопје се давеше во магли ми вели дека наскоро ќе дувне ветар и ќе го прочисти воздухот. Во меѓувреме ќе продолжам да се качувам на Водно и да го избегнувам пасивното пушење по скопските клубови и ресторани. Верувам дека тоа е доволна привремена компензација за гадостите кои ги вдишуваме лутајќи низ скопските магли.
Затоа, пушачи дишете слободно, а вие останатите не кревајте паника. Поверојатно е дека ќе се разболите од цигари, дебелина или од стрес, отколку од неколку кубика скопска магла.
Забелешка: Бројките се преземени од долниов труд и се во согласност со општоприфатените стандарди за мерење на загаденост на воздухот:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3226505/
No comments :
Post a Comment