Зошто ли по ѓаволите одлучил Spike Lee да направи римејк на Oldboy? Што ли имал да додаде или да одземе од оригиналот? Можеби сакал да направи социјален коментар за американската култура на насилство? Можеби имал подобра идеја за тоа како се јаде жив октопод? Одговорите на овие прашања се "не знам", "ништо", "не" и "каков октопод?"
Да гледаш приказна за човек (Josh Brolin) кој е 20 години во заточеништво, измачуван од Samuel L. Jackson и уште еден мистериозен странец (Sharlto Copley), да видиш стотици искасапени човечки тела (вклучувајќи и неколку разнесени глави), да видиш епизодни улоги на тројца омилени ликови од Sopranos и The Wire, да видиш прилично експлицитна секс сцена меѓу Brolin и Elizabeth Olsen, и цело време да се досадуваш... Е тоа не можев да го очекувам.
Можеби вакви филмови едноставно треба да се гледаат на непознат јазик, со непознати глумци, во "егзотична" култура, за да може да се голтне нивната комплетна апсурдност. Или можеби Spike Lee грчевито се труди да шокира па не храни со евтини torture porn финти? Што и да е, како можеш да направиш римејк на Oldboy и да го оставиш октоподот неизеден?

No comments :
Post a Comment