Sunday, 2 March 2014

Philomena - Stephen Frears (2013)

Има моменти во Philomena кога бев свесен дека режисерот Stephen Frears ме манипулира и сака да измами солза од мене, ама едноставно не можев да му одолеам.  Judi Dench е извонредна глумица и нејзиниот портрет на простодушна мајка со скршено срце е навистина потресен.

Во 1951 година Филомена (Judi Dench) родила вонбрачно дете.  Католичката црква и го одзема детето и го дава на посвојување на богата американска двојка.  Егоцентричниот и арогантен журналист Мартин Сиксмит (Steve Coogan) дознава за нејзината судбина и решава да ја придружува во Америка во потрага по изгубениот син.  По пат, и двајцата подобро се запознаваат себеси и се соочуваат со духовите од минатото.

Судбината на мајките што родиле вонбрачни деца во Ирска досега има инспирирано неколку вознемирувачки филмови.  Она што го издвојува Philomena е суптилниот хумор кој ги хуманизира ликовите дури и кога се однесуваат крајно нечовечки.  Себичниот и саможивниот Мартин на крајот ни станува единствена можност Филомена да ја добие правдата, оти ни станува јасно дека самата таа никогаш нема да се спротистави на црквата.  Филомена е премногу побожна и премногу полна со разбирање за да ја согледа перфидноста на калуѓерките кои и го уништиле животот.  Прашање е колку од приказната е исфилувана за да се постигне драматичен ефект, но ако вистинската Филомена е половина од тоа што е претставена во филмот, тогаш е вистинска светица.


2 comments :

  1. Зошто толку негативен став за новинарот (не журналист :)?
    Eгоцентричен, да речеме океј, ама арогантен? Освен сцената за време на појадокот во хотелот воопшто немаше ароганција. И "себичен и саможив" новинар не е некој што цело време на прво место ја имаше желбата на жената да си го најде синот и во ниеден момент не ја изманипулира into anything. Чак што, и самиот беше emotionally involved и сакаше да дознае колку што е можно повеќе, прво заради Филомена а после и заради добрата приказна.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Се согласувам дека ликот на Мартин еволуира низ филмот, меѓутоа сепак не сум убеден во искреноста на неговите мотиви кога ја прифаќа работата. Низ целиот прв дел на филмот тој гледа со потценување на новинарите кои работат human-interest приказни, a ја исмева и побожноста и наивноста на Филомена. Исто така не заборавај дека единствената причина што Мартин ја продолжува истрагата е што уредничката го уценува да остане во Америка затоа што има потпишано договор. Тука е и главната манипулација со Филомена, таа е спремна да си оди дома, а Мартин је убедува да остане од себични причини. Нејсе, можеби бев прегруб но секој ги доживува ликовите на свој начин и има простор за интерпретација.

      Delete