Или филмската индустрија е во огромна криза, или јас се одљубувам од филмот како уметност. Не сакам да гледам филмови дома, а во кино стигнуваат претежно клишеа, продолженија и суперхерои. Оригиналниот материјал е на Нетфликс и други стриминг платформи, ама јас немам домашни услови во кои Нетфликс ќе може да се носи со кино. Затоа решив годинава да напишам нешто повеќе за филмските разочарувања што ми ги приреди 2018.
Monday, 25 February 2019
Sunday, 24 February 2019
Филмски топ 18 за 2018
Лани не објавив филмска топ листа, оти немав доволно филмови за кои сакам да пишувам. И натаму уживам да одам во кино, но проблемот е што ретко впечатокот ми се задржува во мозокот доволно долго за да го преточам во осврт. Во срцето уште поретко. И во 2018 одвај се натерав да направам листа, оти филмската понуда е млитава. Сепак годинава ми даде филм што го изгледав четири пати, и веројатно ќе го гледам уште. Тоа што е филм на драг пријател ме спречи да напишам објективен осврт, но не ме спречува да го ставам на врвот на оваа крајно субјективна листа.
Labels:
PopKultura
Sunday, 17 February 2019
Roma - Alfonso Cuarón (2018)
Roma е филмот што го правиш откако ќе ги собереш сите можни награди во еден медиум и ќе одлучиш дека сега сè ти е дозволено. Дозволено ти е да снимиш филм во црно бело, на 'странски' јазик, исклучиво со диегетска музика, речиси без дијалог, и да го дистрибуираш преку нов медиум создаден за пиш-паузи и станувања до фрижидерот.
Labels:
PopKultura
Sunday, 3 February 2019
Border - Ali Abbasi (2018)
Eraserhead, Let the right one in, Border... Не знам точно зошто ја направив оваа асоцијација, ама сега не можам да се отарасам од неа. Ако првите два наслова не ви значат ништо, веројатно не сте спремни за третиот. Не знам како поинаку да ве подготвам за филм во кој физичките деформации не знаат за граница, а емотивната осакатеност се открива пласт по пласт, сè додека не се соочиме со една страшна, но чиста душа.
Labels:
PopKultura
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)