Wednesday, 26 July 2017

The Love Witch - Anne Biller (2016)

Овој осврт беше оригинално објавен на: http://kritika.mk/album/rezija-anna-biller/

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат прибежиште на оние кои со драга волја би пуштиле малку крв. Како и одличниот Get Out, кој успева да го согледа латентниот расизам кај оние најлибералните, The Love Witch ја карикира половата (не)еднаквост со тоа што го свртува машкиот поглед кон феминистките. Глетката е ем секси, ем длабоко вознемирувачка.

Friday, 21 July 2017

Get Out - Jordan Peele (2017)

Освртов оригинално беше објавен на: http://kritika.mk/album/rezija-jordan-peele/

Обожавам кога некој хорор филм ќе ме начека неспремен и ќе ми удри заушка. За мене реперот за хорор заушки беше и останува Roman Polanski. Во неговата апартманска трилогија (Repulsion, Rosemary’s Baby и Tenant) никогаш не знаеш кога ќе се смееш, кога ќе се депримираш, а кога ќе се заледиш од страв. Get Out го копира стилот на Polanski, но заушката што ја удира е со уникатна северноамериканска фалца.

Monday, 27 February 2017

Manchester by the Sea - Kenneth Lonergan (2016)

Каде ли сум ја слушнал музикава? А да, тоа беше она тажно адаџо од филмот за Doors, кое редовно се користи на филм кога треба да се телеграфираат емоции. Но зошто ли музиката почнува да свири баш кога Lee (Casey Affleck) оди во продавница да купи цигари? Има некаков несклад помеѓу симболиката на музиката и прозаичноста на полноќната прошетка низ предградието. Чекор по чекор, нота по нота, нескладот преминува во немир, па во шок, па во хорор. Адаџото бавно се движи кон својот крај, носејќи му бескраен очај на добар човек кој направил огромна грешка.

Monday, 20 February 2017

Филмски топ 16 за 2016


2016 беше добра година за филм. Толку добра, што неколку одлични филмови (Nocturnal animals, Eye in the sky, Don't breathe, The accountant, Everybody wants some), не успеаја да се најдат на оваа листа. Толку добра, што не ни можев да ја почнам листата пред февруари, оти сè уште фаќав чекор со пропуштените наслови. Ми останаа недогледани уште многу (Wailing, Captain Fantastic, Salesman), но време е да почнам да одбројувам. Вообичаените дисклејмери сè уште важат: (i) ова е крајно субјективна листа (ii) го задржувам правото да ја ажурирам во секој момент (iii) да, го гледав La la land, но него нема да го најдете ни на листата на топ филмови, ниту на листата на разочарувања. Едноставно, филмот не ми измами толку силни чувства.

Wednesday, 18 January 2017

La la land - Damien Chazelle (2016)


Ryan Gosling и Emma Stone се прекрасен филмски пар. Покажаа дека имаат одлична хемија уште во 'Crazy, Stupid, Love', a со La la land ќе се запишат на списокот на бесмртни филмски двојки. Очекувајте уште многу романтични комедии со нив во главните улоги! Е сега откако расчистивме со кастингот, ќе кажам дека приказната на La la land ми се допадна повеќе од формата, пред сè затоа што музиката и кореографијата не се ништо посебно. 

Saturday, 14 January 2017

Предвидување на способностите за описменување


Автор: Ципи Хоровиц-Краус (Tzipi Horowitz-Kraus)
Невронаучна истражувачка, писателка, картографка на човечкиот мозок и сликарка


Читањето е основна способност што е клучна за успех во образованието. Во мигов, 5-15% деца на школска возраст имаат потешкотии во читањето, поради кои се наоѓаат на неповолна појдовна точка на училиште. Без соодветен начин за откривање на проблемите пред тие да се појават, не постои објективна методологија за дијагностицирање потешкотии во читањето. Нели би било одлично да може да се посочат невробиолошки биомаркери за потешкотии во читањето, и тоа за помалку од еден час? Врз основа на одредени неодамнешни откритија, се чини дека сме сѐ поблиску до остварувањето на таа цел.

Saturday, 31 December 2016

Музички топ 16 за 2016

Колку многу смрт! Во 2016 си заминаа Bowie, Cohen, Prince и Sharon Jones, оставајќи зад себе илјадници концерти, стотици албуми и десетици незаборавни вечери во кои играв, пеев и го дишев со нив истиот мемлив воздух полн со возбуда и пот. Слава им!

Колку многу добра музика! Bowie и Cohen си заминаа со албуми кои ѝ пркосат на смртта пеејќи ѝ директно во очи. Nick Cave ја преточи тагата од загубата на синот во уште едно елегично ремек дело. На страна проклетството на смртта, имаше место годинава и за прослава и за протест, посебно благодарние на домашните музичари како Љубојна, Легијата и Bernays Propaganda.  


Не помнам година што толку ми ги растреперила струните на срцето со музика. Одбројувањево го започнувам на последниот ден од 2016, а планирам да го завршам таму некаде на крајот од јануари. Значи ѝ давам на 2016 уште еден месец да ме изненади со уште по некој музички бисер, а 2017 ја замолувам да се стрпи со упокојувањата, за да можеме на раат да ги исплачеме легендите кои нè напуштија годинава.