
Стрпливите гледачи ќе бидат наградени дури пред крајот на филмот, кога неочекуваниот twist ќе им стави насмевка дури и на лицата на најциничните родители. Гледајќи наназад, Лего филмот има совршена логика и мојата фрустрација е само доказ дека сум премногу како Лорд Бизнис, подостарен мрчач кој не сака непредвидливост. А сепак, не можам да се оттргнам од впечатокот дека сите ќе уживавме многу повеќе ако од самиот почеток го знаевме контекстот (и срцето) на приказната. Како авторите да се уплашиле од својата оригиналност и решиле да ја закопаат длабоко во филмот за да не им пречи на визуелните ефекти.
Забележувам тренд во поновите детски анимирани филмови: приказната е сведена на минимум и е заменета со комбинација од вртоглава анимација и смешки за возрасни. Логиката е веројатно дека никој не оди на детски филм заради оригиналноста на сценариото. Децата доаѓаат за да бидат заплиснати од аудиовизуелни стимуланси, а возрасните сакаат неколку безопасни шеги кои ќе им помогнат да не заспијат и ќе им докажат дека се и натаму кул и во тек со популарните трендови. За жал и The Lego Movie ја следи оваа формула, за потоа во брилијантните последни минути да се посипе со постмодерна деконструкција на која и Дерида би и позавидел.
No comments :
Post a Comment