Tuesday, 21 April 2020

НА КАНТАР СО АЛЕКСАНДАР СТОЈКОВ: Овој пат кризата е навистина поинаква

(Насловот е инспириран од книгата „Овој пат е поинаку“ („This Time is Different“) на Кармен Рајнхарт и Кенет Рогоф)

Справувајќи се со здравствените последици од КОВИД-19, на почетокот ги занемаривме економските. Социјалното дистанцирање и карантинот се успешни во ублажување на пандемијата, но имаат висока економска цена. Во средата (15.04.2020 г.), Александар Стојков, професор по економија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во онлајн-дискусија одговараше на прашања поврзани со економијата во време на коронавирусот. Во продолжение можете да најдете одговори на прашањата: кои се економските импликации на КОВИД-19, какви се мерките што (можат да) се преземаат за ублажување на последиците и има ли предвидувања за тоа што нè чека и на личен, и на колективен финансиски план.

Friday, 27 March 2020

#НаукаЗаДеца


Во време кога никој не знае со сигурност како да се справи со коронавирусот, добро е да си ги бираме битките и да се обидеме да дадеме придонес онаму каде што сме најсилни. Јас не знам дали е неопходно да се носи маска, не знам дали моменталните мерки се претерани или не, но знам дека на сите овие прашања науката кога-тогаш ќе даде одговор. Додека дојде тој момент, ќе го правам она што најдобро го знам -- ќе споделувам наука со луѓе кои прифаќаат неизвесност и нови перспективи. А кои луѓе најдобро го прават тоа? Па нормално, децата.

Wednesday, 27 November 2019

Година без Горан

Во 1997 заминав за Америка и мислев дека веќе нема да се вратам во Македонија. Така мислеа и родителите и сите пријатели. Само еден човек прописно ми ја предвиде иднината. Тоа беше Горан Стефановски.

Го немав запознаено Горан лично, но во годините што следеа имав впечаток дека тој е единствениот човек на светот што ме разбира. Пишува за мене во неговите драми. Ми се обраќа преку интервјуата. Ме тера да ги слушам Битлси, Леб и Сол, но и Куку Леле. Преку Силјан од Црна Дупка ме предизвикува дека не можам да свршам со отворени очи (можам Горане, можам). Преку Рина од Кула Вавилонска ми предвидува дека ќе се враќам во Македонија кога другите ќе сакаат да бегаат. Остави ме на раат Горане, не се враќам па мајка Јана!


Friday, 5 July 2019

За Сидо, со 'c' co cè


Чувам огромна кутија со писма напишани од драги луѓе во 90-тите. Често копам по неа за да се навратам на едно време кога мислев дека луѓето чиишто писма се спакувани таму ќе можам во секој момент да ги контактирам и да го продолжиме разговорот онаму каде што застанал. Каква заблуда! Многу од тие луѓе веќе одамна не постојат. Постојат нивни нови верзии, филтрирани низ Инстаграм филтри и ажурирани на Фејсбук, ама со тие верзии јас немам муабет. Лесно е да се заборави зошто некои од нив ми значеле толку многу што сум им посветувал саати пишувајќи писма и години чувајќи ги нивните одговори. Но тоа не е случајот со Сидо.

Sunday, 2 June 2019

Mandy - Panos Cosmatos (2018)

Related imageMandy започнува како омаж на Straw Dogs од Peckinpah, провозува низ Mad Max територија, се судира со халуциногени визии инспирирани од Argento и Raimi и експлодира со имагинација и енергија во уникатниот Panos Cosmatos универзум. Лесно запаливиот микс на психоделија и кошмар е често истражувана територија, како што покажа и овогодишниот Climax на Gaspar Noé. Но споредбите престануваат тука. Climax е импровизиран, хиперреалистичен и морничав. Mandy е микроменаџиран, фантазмагоричен и лудо забавен. 

Monday, 27 May 2019

The Biggest Little Farm - John Chester (2019)

Image result for biggest little farmКога светот ќе отиде во бестрага, тоа ќе биде заради луѓе кои нудат плитки решенија за длабоки проблеми. Точно е дека очајни времиња бараат очајни мерки, но очајот на крцкавите 'биодинамички' ликови од Biggest Little Farm е многу поразличен од очајот на остатокот на светот. Патот до пеколот е поплочен од woke богаташи.

Saturday, 4 May 2019

За сјајот на Едо Маајка


Се сеќаваш на првата половина од Махир и Алма? Како ја научивме на памет и си ја рецитиравме до бесвест? Вториот дел, оној во кој Махир и Алма доживуваат трагедија, најчесто го прескокнувавме. Нивната судбина ни звучеше толку страшно што ја прекинувавме песната за да не ја расипеме бајката.