Веќе станува холивудска традиција при крајот на годината да добиеме еден сериозен и научно издржан научнофантастичен филм. Но, за разлика од Gravity (2013) и Interstellar (2014) кои сакаа да испровоцираат и емотивни реакции од гледачите, The Martian има релативно студен и бесчувствителен пристап, што одлично ја доловува книгата на која е заснован.Tuesday, 20 October 2015
The Martian - Ridley Scott (2015)
Веќе станува холивудска традиција при крајот на годината да добиеме еден сериозен и научно издржан научнофантастичен филм. Но, за разлика од Gravity (2013) и Interstellar (2014) кои сакаа да испровоцираат и емотивни реакции од гледачите, The Martian има релативно студен и бесчувствителен пристап, што одлично ја доловува книгата на која е заснован.
Labels:
PopKultura
Sunday, 18 October 2015
Steve Jobs - Danny Boyle (2015)
Не сум љубител ниту на биографски филмови, ниту на компанијата Apple, ниту на извиканиот сценарист Adam Sorkin. Сметам дека заедничко им е што се заглавени во старите "добри" времиња со што го забавуваат развојот на формата што ја претставуваат, било да е филмска, технолошка или книжевна. Херметички затворени во еден загушлив простор (таканаречен echo chamber), забораваат дека постои свет и надвор од нив самите, па верглаат ли верглаат, промовирајќи ја својата незаменливост. А сепак најновиот филм за Steve Jobs успева да стави вентил во комората и да внесе свеж воздух во веќе излитената хагиографија на иконскиот главен лик.
Labels:
PopKultura
Sunday, 11 October 2015
Три дена во септември - Даријан Пејовски (2015)
Примитивизмот и историјата на Балканот се толку вкоренети во нашата кинематографија, што е вистинско освежување кога сценариото ќе ги стави балканските стереотипи во функција на една универзална трилер приказна. Три дена во септември не бега од македонската реалност (има во него и социјален коментар и прикриени етнички тензии), но сето тоа е во склоп на еден жанровски филм кој може слободно да биде снимен и на друг јазик, и на друго место, а да не ја изгуби својата привлечност.
Labels:
PopKultura
Saturday, 8 August 2015
Kingsman: The Secret Service - Matthew Vaughn (2015)
Како е можно било кој да биде навреден од Kingsman: The Secret Service? Секој филм што започнува со кредити испишани од рушевини од бомбардирање, кулминира со огномет од човечки глави, а завршува со шовинистичка алузија на анален секс, не би смеело да биде сфатен сериозно. За чудо, помеѓу кредитите и аналниот секс има многу паметен дијалог, еден куп филмски референци и брилијантна боречка кореографија, нешто што го прави Kingsman мојот омилен акционен филм во 2015.
Labels:
PopKultura
Friday, 31 July 2015
Dope - Rick Famuyiwa (2015)
Ако Spike Lee сé уште беше млад и бунтовен, веројатно ќе направеше филм како Dope: енергичен и смешен, но истовремено полн со емотивен дијалог и длабоки опсервации за современите проблеми на Америка како расната нетрпеливост, трговијата со дрога, и невидливиот интернет. Ако ова не е доволно да ве натера да го погледнете Dope, ќе додадам дека згора на сé филмот е и модерен мјузикл, со феноменална мешавина на old-school rap и нов панк-поп продуциран од Pharrell Williams.
Labels:
PopKultura
Thursday, 23 July 2015
Inside Out - Pete Docter (2015)
Pixar отсекогаш правелe филмови за возрасни со надворешност привлечна за деца, но со Inside out се имаaт надминато себеси. Режисерот Pete Docter покажа со својот претходен филм, Up, дека му требаат само пет минути за да ни го растрепери срцето, но со Inside Out почнува да ни буричка и во мозокот, самоуверено загазувајќи во територијата на Charlie Kaufman. Ова е брилијантно сценарио што функционира на неколку нивоа, од виртуозна анимација, преку совршен семеен филм, па сè до психолошки mindfuck.
Labels:
PopKultura
Thursday, 28 May 2015
Mad Max: Fury Road - George Miller (2015)
Морам да признаам оти се плашев дека четвртиот Mad Max ќе биде како четвртиот Индијана Џонс - демоде и непотребен. За среќа, Mad Max: Fury Road не е ниту продолжение, ниту prequel, ниту reboot на серијалот што направи ѕвезда од Mel Gibson. Иако живее во истиот постапокалиптичен свет, новиот Макс (Тom Hardy, кој глумел и полуди ликови) е во сенка на хероината Furiosa (Charlize Theron) и на лудиот продукциски дизајн што ферментирал триесет години во мозокот на режисерот George Miller пред да експлодира на големиот екран како Thunderdome на стероиди, бизарна комбинација од steampunk естетика и Antwoord гротескност.
Labels:
PopKultura
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)
