Овогодинешниот Синедејс завршува со уште еден посебен викенд: канскиот победник за 2014 рамо до рамо со последниот филм на Michel Gondry, плус навраќање на еден од најубавите road movies што сум ги гледал, Central Station на Walter Salles.
Friday, 21 November 2014
Wednesday, 19 November 2014
Синедејс билтен #4: 18, 19 и 20 ноември
Од следните три дена само еден филм доаѓа со безрезервна препорака, а тоа е неповторливиот City of God на Fernando Meirelles од 2002 година. Снимен во фавелите на Рио со непрофесионални глумци кои живеат во истите тие фавели, филмот ја раскажува приказната за организираниот криминал во Рио следејќи ги судбините на неколку деца на кои од самиот почеток знаеме дека црно им се пишува. Автентичноста во глумата и во сценариото го прави целото искуство на гледање на City of God истовремено и возбудливо и мачно. Ако не сте го гледале, не ја пропуштајте можноста на Синедејс! Ако сте го гледале, одете повторно оти ваков филм заслужува голем екран.
Labels:
PopKultura
Sunday, 16 November 2014
Синедејс билтен #3: 16 и 17 ноември
Од филмовите во овој билтен имам гледано само еден, а и тој доаѓа само со делумнa препорака. За среќа, следните два дена нудат многу други филмови кои делуваат интересно, како канскиот победник за најдобро сценарио, најновото од Fatih Akin, Kim Ki-Duk и Michel Hazanavicius, плус музички документарец за shoegazing сцената од 80-тите.
Labels:
PopKultura
Saturday, 15 November 2014
Birdman - Alejandro González Iñárritu (2014)
Birdman е маестрално филмувана театарска претстава за театарска претстава. Сме гледале вакви филмови порано (Black Swan и Synecdoche: New York ми паѓаат на ум), но никогаш техничката виртуозност не била толку добро избалансирана со оригиналноста на сценариото и совршениот кастинг. Режисерот Inaritu го направил најинтимниот филм во својата кариера, иако повторно станува збор за комплексна приказна што преплетува десетици човечки судбини.
Labels:
PopKultura
Friday, 14 November 2014
Синедејс билтен #2 (15 ноември)
Следниот ден (сабота) по мене е најдобриот на Синедејс. Birdman и Boyhood ми се омилените играни филмови во 2014 досега. Згора на тоа го имаме Most Wanted Man на Anton Corbijn со прерано заминатиот Philip Seymore Hoffman, како и најновиот филм на блесавиот шведски режисер Roy Andersson, добитник на Златниот Лав во Венеција.
Labels:
PopKultura
Thursday, 13 November 2014
Синедејс билтен #1 (13 и 14 ноември)
Во првите два дена на Синедејс ќе можеме да го видиме музичкиот документарец за Nick Cave, победникот на овогодинешниот берлински филмски фестивал, како и најновите филмови на David Cronenberg и на браќата Dardenne. Делува како одличен старт!
Labels:
PopKultura
Wednesday, 12 November 2014
20,000 Days on Earth - Iain Forsyth and Jane Pollard (2014)
20,000 Days on Earth е наменет исклучиво за хардкор фановите на Nick Cave. Филмот во ниеден момент не застанува да објасни кој е Cave, ниту пак зошто документарецот за него би бил бизарна комбинација на психијатриско вештачење, stream of consciousness интервјуа со неименувани соговорници, и лабораториска аутопсија на неговите музички инкарнации. Не постои логично објаснување зошто било кој би го слушал Cave како држи предавање за совршеноста на лакот од урина што може да се забележи на фотографија од стар концерт на неговата поранешна група, The Birthday Party. А сепак, Nick Cave зборува со таков авторитет и аура на проповедник, што не можеш да не внимаваш, со погледот фиксиран на мочката.
Labels:
PopKultura
Ако не може Кантарот на Синедејс...
...тогаш може Синедејс на кантар:)
Cinedays e еден од неколкуте културни настани заради кои искрено жалам што не живеам во Скопје. Од 13 до 22 ноември во скопските кино-сали ќе бидат прикажани десетици исклучителни филмови, повеќето од кои тешко се начекуваат на големо платно дури и во многу поголеми културни метрополи.
Мал дел од филмовите на репертоарот веќе ги имам гледано, и за нив ќе напишам осврт (без спојлери) ден пред скопската премиера. Бидејќи пишувам целосни осврти само за филмови што сум ги гледал во кино, останатите препораки ќе ги вметнувам во кратки билтени што ќе ги објавувам во пресрет на претстојниот синеден или два. Во билтените ќе има параграф за филмовите кои ги имам гледано на видео, како и прогнози и очекувања за филмовите на автори со чија работа сум запознаен.
Билтените ќе бидат далеку од сеопфатни, но се надевам дека ќе поттикнат дискусија и ќе ми дадат можност барем виртуелно да бидам дел од синедејс атмосферата. За жал, ќе можам да покријам само десетина проценти од репертоарот на синедејс, а посебно жалам што имам комплетно изгубено контакт со балканската кинематографија. Затоа би ми било многу драго доколку некој друг љубител на филмот сака да го надополни блогов со нивните препораки и впечатоци. Доколку сте заинтересирани, ве молам пратете ми порака на qantarot@gmail.com или пишете на твитер (@qantarot) и фејсбук (Кантар МК). Скопски филмомани, искрено ви завидувам! Уживајте во богатата програма и посетувајте го блогов редовно во следните десетина дена.
Билтен #1: 13 и 14 ноември
Билтен #2: 15 ноември
Билтен #1: 13 и 14 ноември
Билтен #2: 15 ноември
Labels:
PopKultura
Friday, 7 November 2014
Lucy - Luc Besson (2014)
Scarlett Johansson избира чудни научно-фантастични улоги. Пред некоја недела пишував за Under the Skin, бавен и субверзивен филм кого дури ни голотијата на Scarlett не може да го спаси од култен статус. Lucy од друга страна делува како големобуџетна Luc Besson продукција, но немојте да се излажете од трејлерот. Акцијата е минимална, а на нејзино место гледаме чудна мешавина на neurobabble и футуристички продукциски дизајн, прошаран со повремен куршум и документарни клипчиња од диви животни манифестирајќи ги своите нагони.
Labels:
PopKultura
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)