Wednesday, 27 November 2019

Година без Горан

Во 1997 заминав за Америка и мислев дека веќе нема да се вратам во Македонија. Така мислеа и родителите и сите пријатели. Само еден човек прописно ми ја предвиде иднината. Тоа беше Горан Стефановски.

Го немав запознаено Горан лично, но во годините што следеа имав впечаток дека тој е единствениот човек на светот што ме разбира. Пишува за мене во неговите драми. Ми се обраќа преку интервјуата. Ме тера да ги слушам Битлси, Леб и Сол, но и Куку Леле. Преку Силјан од Црна Дупка ме предизвикува дека не можам да свршам со отворени очи (можам Горане, можам). Преку Рина од Кула Вавилонска ми предвидува дека ќе се враќам во Македонија кога другите ќе сакаат да бегаат. Остави ме на раат Горане, не се враќам па мајка Јана!


Friday, 5 July 2019

За Сидо, со 'c' co cè


Чувам огромна кутија со писма напишани од драги луѓе во 90-тите. Често копам по неа за да се навратам на едно време кога мислев дека луѓето чиишто писма се спакувани таму ќе можам во секој момент да ги контактирам и да го продолжиме разговорот онаму каде што застанал. Каква заблуда! Многу од тие луѓе веќе одамна не постојат. Постојат нивни нови верзии, филтрирани низ Инстаграм филтри и ажурирани на Фејсбук, ама со тие верзии јас немам муабет. Лесно е да се заборави зошто некои од нив ми значеле толку многу што сум им посветувал саати пишувајќи писма и години чувајќи ги нивните одговори. Но тоа не е случајот со Сидо.

Sunday, 2 June 2019

Mandy - Panos Cosmatos (2018)

Related imageMandy започнува како омаж на Straw Dogs од Peckinpah, провозува низ Mad Max територија, се судира со халуциногени визии инспирирани од Argento и Raimi и експлодира со имагинација и енергија во уникатниот Panos Cosmatos универзум. Лесно запаливиот микс на психоделија и кошмар е често истражувана територија, како што покажа и овогодишниот Climax на Gaspar Noé. Но споредбите престануваат тука. Climax е импровизиран, хиперреалистичен и морничав. Mandy е микроменаџиран, фантазмагоричен и лудо забавен. 

Monday, 27 May 2019

The Biggest Little Farm - John Chester (2019)

Image result for biggest little farmКога светот ќе отиде во бестрага, тоа ќе биде заради луѓе кои нудат плитки решенија за длабоки проблеми. Точно е дека очајни времиња бараат очајни мерки, но очајот на крцкавите 'биодинамички' ликови од Biggest Little Farm е многу поразличен од очајот на остатокот на светот. Патот до пеколот е поплочен од woke богаташи.

Saturday, 4 May 2019

За сјајот на Едо Маајка


Се сеќаваш на првата половина од Махир и Алма? Како ја научивме на памет и си ја рецитиравме до бесвест? Вториот дел, оној во кој Махир и Алма доживуваат трагедија, најчесто го прескокнувавме. Нивната судбина ни звучеше толку страшно што ја прекинувавме песната за да не ја расипеме бајката.

Saturday, 13 April 2019

Компулсивно сурфање за црната дупка

Неделава би морало да живеете во црна дупка за да ја немате видено сликата на црната дупка. Пресреќен сум заради ова, затоа што им дава на научниците популарност и кредибилитет во време во кое вербата во науката опаѓа. Среќен сум и затоа што вакви колаборативни проекти ми даваат надеж во способноста на човештвото да премости незамисливи пречки. 

Sunday, 31 March 2019

Us - Jordan Peele (2019)

Image result for us movieСекој што видел барем една епизода од генијалното Key & Peele шоу знае дека Jordan Peele e мајстор за атмосфера и дека во двеминутен комичен скеч знае да набие повеќе тензија од повеќето хорор режисери. Ова одлично функционираше во Get Out, затоа што атмосферата беше надополнета со оригинално сценарио кое заслужено освои Оскар. Во Us атмосферата е подеднакво вознемирувачка, но оригиналноста е заменета со virtue signalling и имитирање подобри филмови.

Saturday, 23 March 2019

Изгледано во 2019

Climax - Gaspar Noé (2019)

Gaspar Noé сака да претерува. Неговите филмови често имаат премногу секс, премногу насилство, и премногу минути. Најголемиот комплимент што можам да му го доделам на Climax е дека нема претерано со ниеден од горенаведените 'гревови'. Филмот е краток, извонредно кореографиран и речиси комплетно импровизиран. На моменти сценариото асоцира на Salò на Pasolini, но политичките пораки се далеку понебитни, а бруталноста и садизмот се речиси разбирливи. Пазете се, ставаат LSD во пијачките!

Monday, 25 February 2019

18 филмски разочарувања за 2018

Или филмската индустрија е во огромна криза, или јас се одљубувам од филмот како уметност. Не сакам да гледам филмови дома, а во кино стигнуваат претежно клишеа, продолженија и суперхерои. Оригиналниот материјал е на Нетфликс и други стриминг платформи, ама јас немам домашни услови во кои Нетфликс ќе може да се носи со кино. Затоа решив годинава да напишам нешто повеќе за филмските разочарувања што ми ги приреди 2018.

Sunday, 24 February 2019

Филмски топ 18 за 2018

Лани не објавив филмска топ листа, оти немав доволно филмови за кои сакам да пишувам. И натаму уживам да одам во кино, но проблемот е што ретко впечатокот ми се задржува во мозокот доволно долго за да го преточам во осврт. Во срцето уште поретко. И во 2018 одвај се натерав да направам листа, оти филмската понуда е млитава. Сепак годинава ми даде филм што го изгледав четири пати, и веројатно ќе го гледам уште. Тоа што е филм на драг пријател ме спречи да напишам објективен осврт, но не ме спречува да го ставам на врвот на оваа крајно субјективна листа.

Sunday, 17 February 2019

Roma - Alfonso Cuarón (2018)

Image result for roma cuaron waterRoma е филмот што го правиш откако ќе ги собереш сите можни награди во еден медиум и ќе одлучиш дека сега сè ти е дозволено. Дозволено ти е да снимиш филм во црно бело, на 'странски' јазик, исклучиво со диегетска музика, речиси без дијалог, и да го дистрибуираш преку нов медиум создаден за пиш-паузи и станувања до фрижидерот.

Sunday, 3 February 2019

Border - Ali Abbasi (2018)

Image result for the border 2018Eraserhead, Let the right one in, Border... Не знам точно зошто ја направив оваа асоцијација, ама сега не можам да се отарасам од неа. Ако првите два наслова не ви значат ништо, веројатно не сте спремни за третиот. Не знам како поинаку да ве подготвам за филм во кој физичките деформации не знаат за граница, а емотивната осакатеност се открива пласт по пласт, сè додека не се соочиме со една страшна, но чиста душа.