Roger Ebert еднаш рече дека оргазмите се најдобри кога се во најава. Веројатно така е и со филмовите кои ветуваат оргазми. Love на Gaspar Noé е филм што го испорачува тоа што го ветува, но веќе после првиот оргазам почна да ме фаќа дремка.
Saturday, 5 December 2015
Friday, 4 December 2015
Victoria - Sturla Brandth Grøvlen & Sebastian Schipper (2015)
Ако ви кажам дека Victoria е германски трилер снимен во еден кадар, од 4 до 6 наутро низ 25 локации во Берлин, веројатно ќе бидете заинтригирани. Ако додадам дека и покрај техничките ограничувања, ова е една од најемотивните и најдобро одглумените приказни годинава, се надевам дека веднаш ќе истрчате до најблиското кино (или за жал, торент сајт) и ќе го погледнете ова мини ремек-дело.
Labels:
PopKultura
Tuesday, 20 October 2015
The Martian - Ridley Scott (2015)
Веќе станува холивудска традиција при крајот на годината да добиеме еден сериозен и научно издржан научнофантастичен филм. Но, за разлика од Gravity (2013) и Interstellar (2014) кои сакаа да испровоцираат и емотивни реакции од гледачите, The Martian има релативно студен и бесчувствителен пристап, што одлично ја доловува книгата на која е заснован.
Labels:
PopKultura
Sunday, 18 October 2015
Steve Jobs - Danny Boyle (2015)
Не сум љубител ниту на биографски филмови, ниту на компанијата Apple, ниту на извиканиот сценарист Adam Sorkin. Сметам дека заедничко им е што се заглавени во старите "добри" времиња со што го забавуваат развојот на формата што ја претставуваат, било да е филмска, технолошка или книжевна. Херметички затворени во еден загушлив простор (таканаречен echo chamber), забораваат дека постои свет и надвор од нив самите, па верглаат ли верглаат, промовирајќи ја својата незаменливост. А сепак најновиот филм за Steve Jobs успева да стави вентил во комората и да внесе свеж воздух во веќе излитената хагиографија на иконскиот главен лик.
Labels:
PopKultura
Sunday, 11 October 2015
Три дена во септември - Даријан Пејовски (2015)
Примитивизмот и историјата на Балканот се толку вкоренети во нашата кинематографија, што е вистинско освежување кога сценариото ќе ги стави балканските стереотипи во функција на една универзална трилер приказна. Три дена во септември не бега од македонската реалност (има во него и социјален коментар и прикриени етнички тензии), но сето тоа е во склоп на еден жанровски филм кој може слободно да биде снимен и на друг јазик, и на друго место, а да не ја изгуби својата привлечност.
Labels:
PopKultura
Saturday, 8 August 2015
Kingsman: The Secret Service - Matthew Vaughn (2015)
Како е можно било кој да биде навреден од Kingsman: The Secret Service? Секој филм што започнува со кредити испишани од рушевини од бомбардирање, кулминира со огномет од човечки глави, а завршува со шовинистичка алузија на анален секс, не би смеело да биде сфатен сериозно. За чудо, помеѓу кредитите и аналниот секс има многу паметен дијалог, еден куп филмски референци и брилијантна боречка кореографија, нешто што го прави Kingsman мојот омилен акционен филм во 2015.
Labels:
PopKultura
Friday, 31 July 2015
Dope - Rick Famuyiwa (2015)
Ако Spike Lee сé уште беше млад и бунтовен, веројатно ќе направеше филм како Dope: енергичен и смешен, но истовремено полн со емотивен дијалог и длабоки опсервации за современите проблеми на Америка како расната нетрпеливост, трговијата со дрога, и невидливиот интернет. Ако ова не е доволно да ве натера да го погледнете Dope, ќе додадам дека згора на сé филмот е и модерен мјузикл, со феноменална мешавина на old-school rap и нов панк-поп продуциран од Pharrell Williams.
Labels:
PopKultura
Thursday, 23 July 2015
Inside Out - Pete Docter (2015)
Pixar отсекогаш правелe филмови за возрасни со надворешност привлечна за деца, но со Inside out се имаaт надминато себеси. Режисерот Pete Docter покажа со својот претходен филм, Up, дека му требаат само пет минути за да ни го растрепери срцето, но со Inside Out почнува да ни буричка и во мозокот, самоуверено загазувајќи во територијата на Charlie Kaufman. Ова е брилијантно сценарио што функционира на неколку нивоа, од виртуозна анимација, преку совршен семеен филм, па сè до психолошки mindfuck.
Labels:
PopKultura
Thursday, 28 May 2015
Mad Max: Fury Road - George Miller (2015)
Морам да признаам оти се плашев дека четвртиот Mad Max ќе биде како четвртиот Индијана Џонс - демоде и непотребен. За среќа, Mad Max: Fury Road не е ниту продолжение, ниту prequel, ниту reboot на серијалот што направи ѕвезда од Mel Gibson. Иако живее во истиот постапокалиптичен свет, новиот Макс (Тom Hardy, кој глумел и полуди ликови) е во сенка на хероината Furiosa (Charlize Theron) и на лудиот продукциски дизајн што ферментирал триесет години во мозокот на режисерот George Miller пред да експлодира на големиот екран како Thunderdome на стероиди, бизарна комбинација од steampunk естетика и Antwoord гротескност.
Labels:
PopKultura
Monday, 20 April 2015
The Babadook - Jennifer Kent (2015)
The Babadook има егзотично педигре. Доаѓа од Австралија и по атмосферата потсеќа на раните филмови на австралиецот Peter Weir. Режиран е од Jennifer Kent, поранешна соработничка на Lars Von Trier, која му дава уникатна женска перспектива на жанр што е речиси исклучиво доминиран од мажи. Kent може комотно да ги остави своите машки колеги да измислуваат креативни БУ моменти комбинирајќи натприродни елементи, насилство, и звучни ефекти. Таа знае дека совршениот БУ момент е кога некој ќе те изненади сред мастурбирање.
Labels:
PopKultura
Monday, 23 February 2015
Филмски топ 14 за 2014
Интересно е што една од најлошите години за Холивуд на финансиски план е истовремено и една од годините што понуди најхрабри и најиновативни филмови. Веројатно како контратежа на подемот на квалитетни ТВ серии кои ја задржуваат повозрасната публика надвор од кино-салите, забележлив е тренд на експериментирање со филмската форма и создавање на дела кои се или преамбициозни или преголеми за телевизискиот екран.
Во еден таков креативен амбиент, на мојава листа не успеаја да се најдат еден куп солидни филмови за кои веќе пишував, како експерименталниот Under the skin, (не толку) детскиот Lego Movie, и големобуџетниот X-Men. Бидејќи пишувам осврти исклучиво за филмови кои ги гледам во кино, не стигнав да ги пофалам и The Unknown Known (морничав документарец во кој Errol Morris го разоткрива Donald Rumsfeld), Oculus (ретко паметен хорор), John Wick (немилосрдна и елегантна акција), и Maleficient (постмодерно читање на омилена бајка). Криво ми е што сè уште го немам гледано A Most Violent Year, оти судејќи според резимето на режисерот JC Candor, ништо чудно да треба да ја преуредам листава наскоро. Се надевам дека наскоро ќе најдам време и за Citizenfour, Leviathan, и за Nightcrawler. Во меѓувреме, еве кои филмови од 2014 ми оставија најсилен впечаток:
Labels:
PopKultura
Saturday, 21 February 2015
Шест (ипол) филмски разочарувања од 2014
Значи да се разбереме, ова не е листа на лоши филмови, туку е листа на филмови кои успеаја да ме разочараат изминатата година. Сигурно во 2014 имаше и полоши филмови од подолу наброjaните (непотребниот Sin City 2 доаѓа на памет), но разочарувањето не е пропорционално со квалитетот на филмот туку со висината на очекувањата што сум ги имал. Со тоа појаснување, еве ги филмовите кои според мене потфрлија во 2014:
Labels:
PopKultura
Friday, 20 February 2015
The Imitation Game - Morten Tyldum (2014)
The Imitation Gamе е просечен биографски филм за еден далеку надпросечен човек. На филмот му фали оригиналност, храброст и контроверзија, сето она што главниот лик, брилијантниот математичар Alan Turing го имал на претек. Imitation Gamе имитира други биографски филмови што претендирале за Оскар, комплетно оправдувајќи ја онаа латинската, nomen est omen.
Labels:
PopKultura
Wednesday, 28 January 2015
Музички топ 14 за 2014
Во 2014 нестрпливо ги очекував новите албуми на Aphex Twin, Beck, и TV on the Radio, а имав надеж и за соработката меѓу U2 и Danger Mouse, како и за последниот албум на Pink Floyd. За жал, ниеден од овие албуми не се најде во мојот топ 14, пред сè бидејќи се правени според некој веќе слушнат шаблон. За среќа, горенаведените ветерани беа потиснати од музичари кои не се плашат да преземат ризик и да создадат нешто оригинално. Во следните месец дена ќе ги објавам моите омилени албуми од годината што измина.
Labels:
PopKultura
Friday, 23 January 2015
Foxcatcher - Bennett Miller (2014)
Не секој комичар може да глуми во сериозни филмови, но оние што успеваат во тоа создаваат незаборавни ликови. Таков лик е милионерот John E. DuPont во изведба на Steve Carell. Со своето дрвено држење, нервозна дикција, и со мртвиот поглед, DuPont создава инстинктивен немир далеку пред да земе пиштол во раце. По првиот испукан куршум веќе немаме дилема дека нешто со DuPont сериозно не е во ред, но она што следува е толку неверојатно што мора вистински да се случило.
Labels:
PopKultura
Wednesday, 14 January 2015
Whiplash - Damien Chazelle (2014)
Whiplash е филм за џез, опсесија, тортура и освета. Последен пат кога имам видено слично психичко малтретирање на филм беше кога наредникот Хартман се изживуваше врз своите војници во Full Metal Jacket. Оние кои го гледале бруталниот филм на Кјубрик знаат дека ова е комплимент што тешко се заслужува. Ronald Lee Ermey e единствениот глумец кому Kubrick му дозволил да ја импровизира својата улога, затоа што имал комплетна доверба во садистичките способности на еден поранешен drill sergeant. Садистот во Whiplash не e војник туку џез диригент, а сепак актерот J.K. Simmons успева од него да создаде подеднакво одвратен и комплетно уверлив монструм.
Labels:
PopKultura
Subscribe to:
Posts
(
Atom
)